за

Каква ни беше автомобилската 2019 година?

ретроспектива автомобилска 2019 година
ретроспектива автомобилска 2019 година

Светот во 2019 година имаше еден од најдинамичните и највозбудливи периоди во поглед на автомобилизмот. Во Македонија исто така се одвиваше одредена динамика на промени, но темите и смислата обично беа различни и специфични, повеќе поврзани со минатото, отколку што нé поврзуваат со годината и со деценијата што ни претстојат. Автомобилската ретроспектива низ објавите на нашиот портал, од ова временско гледиште покажува дека промените некогаш се случувале буквално за еден ден.

Најави и реализации. Во некои други времиња, доволно беше да се направат најави. Иднината уште беше далеку, ништо не обврзуваше најавите да се реализираат во кус или барем во предвидлив рок. Во тој поглед, во годинава што за неколку денови ќе ја испратиме во историјата, се случуваа видни промени. Многу од најавите во почетокот на годината, беа реализирани во зачудувачки кусо време. За најавите, пак, што се однесуваат на следната, 2020 година, веќе е сосем извесно дека и тие ќе се реализираат.

Добар пример за видот и обемот на промените имавме неодамна и во локални, домашни рамки. Движењето против климатските промени, македонскиот огранок на глобалната организација Fridays for Future, напиша историја соединувајќи и собирајќи илјадници граѓани на протести во Скопје. Здодевните и наивни медиумски наслови и најави во контекст на „рекордна загаденост на македонските градови во светски рамки“ досега не помогнаа, ниту отсега ќе помогнат. Дури, многумина уште потајно се надеваат дека ова масовно организирање би можело да доведе до промени и во нашата комоција, работите секогаш да се оставаат некој друг да ги заврши. А, тој „некој“, никако да се појави. Најава и реализација.

Петте возења со плагин-хибридниот Mini Cooper S E Countryman до најпознатите излетнички места покрај Скопје се претворија во двојно уживање. Прво поради Mini, второ поради забавата што ја нуди возењето на струја

 

Годината ни започна со Volvo, со објавата на тестот на XC40 . Вистина, тоа најмалку беше случајно, а во најголема мера беше „наместено“. Сите како потсвесно да сакавме да направиме ритуал, за последната година од втората декада од новиот милениум да ни биде посебна. Тој убав и авангарден дух на премиум марките се покажа делотворен и за работата на Аутомедиа.

Повеќе од 400.000 прегледи на објави и секој ден во просек по 4 нови објави

Низ бројките на порталот, годината мина вака: 159.424 корисници имале вкупно 305.489 сесии и 424.257 прегледи на објави, со просечно по 1,39 објава на посета, секоја сесија во траење од просечно 2:33 минути, со секоја објава во просек читана точно една минута. Нашите содржини го привлекле вниманието на публиката во вкупно 23.140 пребарувања. На порталот во изминативе дванаесет месеци биле пуштени 1.328 објави, односно во просек 3,6 објави дневно. За овие достигнувања, ви благодариме!

Првата објава што ја почестивте со особено внимание беше интервјуто со Славче Таневски, македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz, под насловот „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“ https://automedia.mk/objavi/slavche-tanevski-intervju-mercedes-cla/ Дефинитивно најуспешниот Македонец што е ангажиран директно од светски производител на автомобили, понатаму ќе ни гостува во уште неколку објави.

Mercedes CLA Shooting Brake Slavce Tanevski designer Zeneva
Зарем може да има поважен момент од тоа: Славче Таневски, македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz, го претстави пред светот „својот“ CLA Shooting Brake од штандот на салонот во Женева

Јануари верно го навести натамошниот тек на годината. Тоа особено важи за хибридниот Ford Mondeo, кој во јануари се најде на почесно место во салонот на Ми-Да Гранд Моторс https://automedia.mk/objavi/ford-mondeo-hybrid-skopje/. Хибридите обично тронуваат во салонот на Тојота Авто Центар, со знакот на Toyota или Lexus, а историско поглавје имаше и Мак Аутостар со плагин-хибридниот Mitsubishi Outlander PHEV, пред неколку години. Mondeo Hybrid годинава ќе биде значаен по тоа што прв „повлече нога“, за хибридите да почнат помасовно да излегуваат и од салоните на останатите марки, покрај Toyota и нејзиниот луксузен Lexus. Крајот на годината ќе донесе четириесетина продадени примероци од VW Passat GTE, уште еден важен модел годинава. Но, додека тоа се случи, ќе мине уште многу време и пак ќе има историско поглавје со Toyota и со Lexus, тоа сепак се пионерите на погонот со две срца.

Светот во 2019 година научи да ги препознава манипулациите што произлегуваат од спрегата меѓу политиката и бизнисот во поглед на влијанието на фосилните горива врз климатските промени

Во меѓувреме кулиминира еден хроничен проблем, македонските градови рутински поставуваат рекорди во загаденост во светски рамки. Во екот на сезоната, додека и Германија ги чувствува проблемите со загаденоста на воздухот, но за разлика од нас го активира алармот при десетпати понизок праг на загаденост, оттаму пристига студија потпишана од германски пулмолози, кои тврдат дека издувот од дизелите воопшто не е штетен. Студијата ќе заврши неславно, бидејќи „вистината“ што таа ја пласира очигледно оди во корист на производителите на дизел мотори, кои не се особено расположени да инвестираат во ерата на електрификацијата на возилата. Тоа ќе биде веројатно еден од последните обиди да се манипулира со мислењето на јавноста. Дефинитивно, уште еден настан што ја одбележа годината https://automedia.mk/objavi/stestnost-izduvni-gasovi-dizel-lekari/.

Како што наближува март и отворањето на салонот во Женева, почнува сé почесто да се спомнува електричниот погон. Јасно е дека тоа ќе биде тема на салонот под Алпите. Skoda го најавува концептниот автомобил Vision iV, прв електричен автомобил на чешката марка. Електричниот Mercedes eCitaro, во еден сосем различен, но многу значаен сегмент во тој поглед, освојува титула на градски автобус на годината.

skoda vision iv salon zeneva
Skoda Vision iV беше концепт на електричен автомобил за салонот во Женева, половина година подоцна Чесите на салонот во Франкфурт веќе го најавууваа Superb iV како прв плагин-хибрид, заедно со Citigo e iV како верзија на e-Up и прва Skoda на струја

Тема што привлекува многу внимание на публиката е споредбата, колку километри треба да се извозат додека се исплати разликата во цената меѓу ист модел со бензински и со дизел мотор. Пресметката на трошоците за гориво ја направивме врз основа на фабричките податоци за потрошувачката на гориво, кои се разликуваат од реалноста, но темата повеќе имаше за цел да предложи размислување во тој правец https://automedia.mk/objavi/izbor-benzin-dizel-presmetka/

bmw ix3, bmw i4, bmw inext arjeplog test
Наскоро влегуваме во годината во којашто производителите долг период наназад ги најавуваа своите „електрични“ новитети. BMW не е нов во тоа подрачје, во 2020 пристига iX3, а по него и iNext и i4, сите чисто на батерија

Porsche го подготвува теренот за своето електрично првенче Taycan и речиси нема ден без автомобилскиот свет да биде свесен за тоа. Еден од насловите: Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели https://automedia.mk/objavi/porsche-usluga-polnaci-struja/. BMW исто така не дозволува да биде престигнат во електромобилноста, па објавува снимки од тестирањето на iNext во екстремни услови https://automedia.mk/objavi/bmw-inext-testiranje-arjeplog/

Унгарија и Чешка јасно посочуваат дека загадениот воздух произлегува од увозот на стари дизели, во Македонија таква спрега уште не постои. Дали тоа има заднина или проблемот е во погрешната студија што упатува дека возилата учествуваат со 20% во емисијата на РМ – исто колку прашината од улиците?

Проблем со загадениот воздух пријавуваат Унгарија и Чешка, но за разлика од нашите власти, а ништо помалку и од нашите еколози, таму барем јасно се посочува изворот на проблемот: Двете земји најавуваат тужби поради загадениот воздух од увозот на стари дизели https://automedia.mk/objavi/zagaduvanje-dizel-evropa-tuzbi/.

Производителите на автомобили почнуваат да градат имиџ како понудувачи на услуги на мобилност, не „само“ како производители на автомобили. Тие сакаат и во секојдневието да бидат поврзани со своите клиенти. Насловот е Зошто на концерните не им е доволно само да продаваат автомобили https://automedia.mk/objavi/proizvoditeli-novi-biznisi-mobilnost/.

Toyota Mirai IOC
Добар имиџ пред светската јавност е кога возниот парк не се состои од големи и тешки лимузини · Светскиот Олимписки Комитет вози чисто на водород, за моделот нема двоумење: Toyota Mirai

Интересен податок објавуваме во веста за 369 станици во светот, на коишто се точи водород како погонско гориво https://automedia.mk/objavi/stanici-vodorod-svet19/ . Honda почнува симпатична кампања за својот ретро-електромобил означен со „е“, додека Volkswagen објавува почеток на масовна обука за работа со електричен погон.

Mitsubishi Eclipse Cross стартува со продажба кон крајот на февруари, а со тоа се поставува и прашањето како домашните фанови на марката ќе го прифатат спојот на Lancer (Evo) и Pajero во еден автомобил. Одговорот: Првиот континтент се троши фантастично брзо, се чека неколку месеци додека пристигне новата пратка. Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно https://automedia.mk/objavi/mitsubishi-eclipse-cross-start-prodazba/.

Нов кориснички модел е месечна претплата на автомобил, со платено сервисирање, осигурување, промена на пневматици

Mercedes CLA започнува со производство, тоа оди под насловот „Уште еден дизајн на Славче Таневски стартува со производство https://automedia.mk/objavi/mercedes-cla-fabrika-proizvodstvo/. Швајцарците прифаќаат еден нов тренд. Автомобилите повеќе не се финансираат преку кредит или лизинг, туку се нуди модел на претплата, речиси како за мобилен телефон. Во месечната рата е вклучено буквално сé, од регистрација, до осигурување и редовно сервисирање, се плаќа само за гориво. По желба, автомобилот може да се менува на шест месеци. https://automedia.mk/objavi/upto-avtomobil-pretplata-svajcarija/

Suzuki Jimny 1.5 GL Test AutomediaMK
Фановите плаќаат и по 10.000 евра над продажната цена, за преку ред да дојдат до примерок од Suzuki Jimny. Еден од најоригиналните автомобили, во поглед на способноста и во поглед на возачкото чувство и забавата. Обновен колку што треба, нема што да се менува тука

Една теренска легенда пристига во тест, во новото издание – Suzuki Jimny https://automedia.mk/objavi/suzuki-jimny-15-test-automediamk/ На огласите ширум Европа се нудат примероци од моделот со цена и до 10.000 евра над продажната. Сцената бара примерок повеќе, тоа е уште еден вистински погодок на јапонскиот специјалист.

Специјалистот за добар дизајн пишува историја. Славче Таневски лично го претставува Mercedes CLA Shooting Brake на салонот во Женева, покрај Дитер Цече и Горден Вагенер. Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA https://automedia.mk/objavi/mercedes-cla-shooting-brake-slavce-tanevski/

Градскиот превоз добива нови форми: Тротинети, скутери, автомобили, обично на струја, достапни за краткотрајно користење, како услуга што се користи преку мобилна апликација

Јавниот превоз доживува бурни промени, но само во насока на зачувување на животната средина Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување https://automedia.mk/objavi/innogy-polska-car-sharing-bmw3/

Автомобилот што ќе ја одбележи годината од повеќе гледишта пристига на тест рано напролет. Ја возиме новата Toyota Corolla 1.2 Turbo Executive, во класична погонска изведба. Уште тогаш е јасно дека тоа ќе биде модел за кого уште многу ќе се зборува понатаму https://automedia.mk/objavi/test-toyota-corolla-1-2-turbo-executive/

Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury
Тест: Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury

За тоа нема потреба од објаснување: Влатко Стефановски изработува музичко лого за серијата 3 на BMW https://automedia.mk/objavi/bmw-serija3-vlatko-stefanovski/ Исто така нема потреба од објаснување и зошто Lexus ES 300h Luxury, на тестот троши 5,5 литри бензин. Тоа што одушевува од ново кај оваа марка и кај овој „новодојденец“ е способноста за самостојно возење, автопилотот https://automedia.mk/objavi/test-lexus-es-300h-luxury/

Момент што се подзаборави додека електромобилноста во глобални рамки бележеше голем напредок: Toyota ослободи 24.000 патенти за електричниот погон, за слободно користење од сите производители

Fiat и Renault најавуваат спојување, целиот свет го очекува новиот моќен концерн, но Fiat откажува во последен момент. Toyota исто така се „откажува“, во добротворни цели. Јапонскиот шампион ослободува 24.000 патенти за електричниот погон и ги остава за слободно користење, со цел електромобилноста да напредува во поголем обем. Тоа е момент на когошто подзаборавивме како што ближеше завршетокот на годината, но е факт дека овој чекор имаше голем ефект врз дел од случувањата https://automedia.mk/objavi/toyota-osloboduva-patenti/

Tesla Model 3 станува најпродаван автомобил во Швајцарија во март https://automedia.mk/objavi/tesla-model-3-najprodavan-svajcarija/ Електричниот автомобил од рангот на A4/C-Class/Серија 3 ќе изненадува уште повеќепати. Почнува Твинго Куп https://automedia.mk/objavi/renault-twingo-cup-makedonija/. Во Скопје се случува премиера на Range Rover Evoque https://automedia.mk/objavi/range-rover-evoque-skopje/

Го поканивме Славче Таневски да избере Топ 10 на Најдобри дизајни на Mercedes https://automedia.mk/objavi/top-10-mercedes-slavche-tanevski/

Porsche како спортска марка отсекогаш се издвојувал по тоа што може да се вози во секојдневието како обичен автомобил. Затоа гостуваше целата моделска понуда на марката од Цуфенхаузен, на една интересна тура што ќе остане вредна за помнење – Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?https://automedia.mk/objavi/porsche-makedonija-experience-galicnik/

Porsche Македонија Галичник

Човекот што самиот беше „марка“ во автомобилскиот свет, нé напушти поради компликациите по трансплантација на бели дробови Ники Лауда: Најпознатите цитати на човекот што ја имаше формулата за ѕвезда https://automedia.mk/objavi/niki-lauda-najpoznati-citati/

Се пензионира најпознатиот мустаклија на автомобилската сцена, Дитер Цече, шефот на Daimler. BMW сними поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler. Уште еден историски момент Видео од BMW во чест на пензионирањето на шефот на конкуренцијата, Дитер Цече

Во хотелскиот комплекс на Александар Палас во Скопје пристигаат скапоцени и совршено одржувани олдтајмери, кои верно го донесуваат духот на старите времиња Сцената на олдтајмери во Македонија дефинитивно поставена и функционира https://automedia.mk/objavi/skopje-classic-2019-gentlemans-crew/

Skopje Classic 2019
Skopje Classic 2019

Македонија е третопласирана во светското првенство во фудбал – меѓу увозниците на BMW https://automedia.mk/objavi/bmw-fudbalski-kup-uvoznici-skopje/

Еден објект на улица Перо Наков ќе предизвикува фасцинација при секое следно доаѓање. Несомнено, архитектонско дело што треба да се вбројува меѓу знаменитостите на Скопје, а им „припаѓа“ на Шведска и на Volvo Новиот салон на Volvo донесува дел од Шведска во Скопјеhttps://automedia.mk/objavi/volvo-nov-salon-skopje-premiumags/

Два автомобили од сосем различни класи и од производители од два сосем различни сегменти докажуваат дека развојот на автомобилите не завршува со вградувањето на големи дисплеи во кокпитот и со системи за асистенција за коишто не сме ниту знаеле дека ни недостигаат. Станува збор за чувството при возење, таму е разликата што ја носат новите генерации модели, без разлика дали станува збор за Kia Ceed 1.0 T-GDi Vision https://automedia.mk/objavi/test-kia-ceed-10-tgdi-vision/ или за „танцувачкиот автомобил“ Mercedes GLE или автомобилот што е подобар од реалноста https://automedia.mk/objavi/mercedes-gle-400d-test/

Smartbumps или македонските паметни лежечки полицајци „регулираат“ и во Карпош, тоа е решение што треба да иаде на поголема застапеност; Интервју со градоначалникот Стефан Богоев

Во подрачјето на општина Карпош е поставен и пуштен е во редовна употреба паметен лежечки полицаец, проект за когошто повеќепати сме известувале. За тоа зборуваме Со градоначалникот Стефан Богоев околу новите сообраќајни решенија во Карпошhttps://automedia.mk/objavi/stefan-bogoev-gradonacalnik-karpos-intervju/

Авантуристите од Стојаково во тие денови се отпатувани далеку од Македонија со својот Renault 4, тие се на границата со Кина. Херојскиот олдтајмер мора да остане од другата страна, а Шуклев и Николов мора да се вратат на аеродром во Монголија и оттаму со авион да слетаат во Пекинг. По пристигањето, тие се пречекани со највисоки почести, но … Кинеската бирократија најголема пречка за авантуристите од Стојаково https://automedia.mk/objavi/suklev-nikolov-kina-problemi/

стојаково до ница до пекинг со рено 4
стојаково до ница до пекинг со рено 4

Porsche во меѓувреме ја одработува стратегијата за промоција на својот електричен Taycan и постигнува фантастични времиња на тркачки патеки на три континенти https://automedia.mk/objavi/porsche-taycan-triple-newyork/

Ми-Да Гранд Моторс се сели од историската локација во нов центар на булевар Босна и Херцеговина број 1

Ford и Ми-Да Гранд Моторс се преселија на нова локација, од местото во коешто беа испишани важни поглавја од македонскиот автомобилизам, во новиот центар што го носи епитетот „мега“ во секаков поглед, на булевар Босна и Херцеговина, број 1. Ford на ново место и веќе под полна пареа https://automedia.mk/objavi/ford-mida-grand-motors-nova-lokacija/

Уште еден важен модел од аспект на продажниот волумен за македонскиот пазар ни пристигна на тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition https://automedia.mk/objavi/test-skoda-scala-1-0-tsi-115-ambition/ За него можеше да се објави само кусо, дури и во еден збор: Golf. Но, можеше. Затоа ние велиме: Skoda Scala.

Skoda Scala продажба рекордна
Skoda Scala настапува точно во сржта на компакт класата, додека Octavia што ќе се појави подоцна преоѓа во класа погоре

Две домашни теми што наидоа на голем интерес:

Следниот автомобил најмногу ни асоцираше на годишен одмор, не само поради периодот во којшто ни пристигна за тестирање. Од историско гледиште, тоа е првпат Toyota да понуди две верзии со хибриден погон во гамата на еден модел. Оваа има 180 КС, но електромоторот прави тие да се почувствуваат многу подинамично Toyota Corolla Touring Sports 2.0 Hybrid Luxury https://automedia.mk/objavi/test-toyota-corolla-touring-sports-2-0-hybrid/

Светот годинава се збогува со уште една легенда на автомобилската сцена. Фердинанд Пиех почина: Внукот на Порше кој го создаде денешниот Volkswagen https://automedia.mk/objavi/ferdinand-pieh-volkswagen-pocin/

Еден автомобил што не може да се превиди на улица, го почести нашиот портал да објавиме повеќе за него. Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган https://automedia.mk/objavi/mercedes-w115-dragan-trajkovski/

Mercedes W115 Dragan Trajkovski
Автомобил што е млад повеќе до 40 години и се вози секојдневно како секој друг – откако во неколку подрачја ќе се расклопи и повторно ќе се склопи до совршенство

Германизмите во автомобилскиот жаргон, како забавна тема – Од ајншприц до штуцна: Германски зборови во автомобилскиот жаргон https://automedia.mk/objavi/germanski-zborovi-avtomobilski-zargon/

Почнува салонот во Франкфурт, а таму е ѕвезда никој друг освен – Тој е Golf на новото денес: На струја, со име ID.3 и под 30.000 евра https://automedia.mk/objavi/volkswagen-id3-premiera-frankfurt/

Хибридната тура со Toyota Corolla е нашата најчитана објава годинава, со повеќе од 4,5 илјади читања само на првиот дел од еко-репортажата

На крајот на август ја возиме турата што ја цениме историска од повеќе аспекти. Првпат го извозевме најширокиот можен круг низ целата држава, во должина од 800 километри, и покрај првичната цел – Хибридна тура со Toyota Corolla: Со 30 литри бензин низ цела Македонија (Дел 1) https://automedia.mk/objavi/toyota-corolla-hybrid-tura-niz-makedonija1/ – единственото патешествие го преточивме во репортажа. Тоа не смееше да резултира во друго, освен во најчитаната објава годинава, со 4,5 илјади читатели само за првиот дел од долгата тура. Нашето најголемо достигнување и најголема гордост во објавените содржини за годинава.

Toyota Corolla Hybrid
Toyota Corolla Hybrid – хибридна тура низ Македонија

Овој своевиден потфат водеше и до вториот проект. Кој цени дека со возење еден хибриден модел ги извозел сите хибридни модели, цени погрешно. Со плагин-хибриден Mini Cooper S E Countryman All4 направивме пет одделни тури, до најпознатите излетнички места во близината на Скопје: До Матка, Водно, Катланово, Маркова Река, Скопска Црна Гора. Секогаш поаѓавме со полна батерија и возевме само на струја до целосното празнење. Тоа беше двојна забава, прво поради Mini, второ поради самото возење на струја, иако најчесто во должина до 30 километри, но сосем доволно. Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин https://automedia.mk/objavi/mini-countryman-se-cooper-test/

Организацијата што се грижи за популаризација и заживување на сцената на возење на струја одржа нов собир и нова стручна трибина, на којашто учествуваше и нашиот уредник Електромобилност: Македонски компании и институции градат имиџ врз погонот на струја  https://automedia.mk/objavi/elektromobilnost20-nastan-septemvri/

За ситуацијата околу автомобилските медиуми на македонската сцена објавивме во: А, од кого препишуваат англиските, германските, српските авто-портали? https://automedia.mk/objavi/avtomobilski-mediumi-sostojbi/ Насловот опишува сосем доволно за нашиот автентичен историски преглед на сцената во минатите две децении

Компанијата што за многумина е синоним за автомобилски гуми, на мошне оригинален начин го одбележа јубилејот и преоѓањето на Porsche 911 од една генерација во друга верно го поистовети со сопствениот развој. Насловот: Генерациски собир на Porsche за историската прослава на Мотоцентар https://automedia.mk/objavi/motocentar-proslava-25-godini/

Моделскиот новитет на годината е Golf 8: Неговата година сепак е 2020, се очекуваат првите тестови и испораки на клиенти

Фолксваген Голф Осмиот: Дигитално место Дизел https://automedia.mk/objavi/volkswagen-golf-viii-pretstavuvanje/ Автомобилот што четири децении владее со европскиот автомобилски пазар се појави во новата генерација, но за него штотуку ќе се објавува во новата година. Напредокот е постигнат, тоа е несомнено, неизвесноста е како и колку ќе се почувствува тој напредок. Не очекуваме помалку од уште едно изненадување.

volkswagen golf 8
Volkswagen Golf 8 · Сменет е цел настап на марката од Волфсбург, вклучувајќи и ново лого

Овој автомобил не ни беше во план да предизвика толку одушевување. Тест на Аутомедиа: Kia ProCeed 1.6 GT https://automedia.mk/objavi/kia-proceed-gt-test/ По возењето следеше единствениот можен заклучок, дека овој автомобил е создаден во најпрефинетиот дух на гран-туризмо моделите во компакт класата од 1980-те години. Таков е духот, во поглед на техниката, ова е мошне блиску до врвот во класата.

Купе-комби со многу опрема, но и со мајсторско дотерување на подвозјето и на погонската спрега, што му дава посебен дух. За превоз може да се користи и градски автобус, овој е автомобил за возење

Велат дека сите убави работи се по три. Нашата „електризирана“ тројка, по хибридната тура со Toyota Corolla и излетничката тура со Mini Countryman, ја комплетираше едно моделско име што најголемиот дел од историјата ја има минато со дизел мотор под хаубата – Volkswagen Passat. Со оваа лимузина пробувавме како функционираат полначите низ Скопје, па и во Велес. Пробувавме и дали со регенерираната енергија по спустот од Скопска Црна Гора ќе извозиме со 120 km/h до Катланово. Дефинитивно, уште една тема којашто се покажа како забавно четиво за нашата публика. Посебно достигнување на оваа тура беше патувањето од Велес до центарот на Скопје со погон само на струја. Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер https://automedia.mk/objavi/test-volkswagen-passat-gte/

Volkswagen Passat GTE test
Volkswagen Passat GTE · Уредно наполнета на станица во Велес, батеријата издржа педесетина километри до центарот на Скопје. Тоа значи дека просечната дневна тура може без проблем да се извози без моторот да се вклучи

Откритие на годината: Кросоверите како Lexus UX го заземаат местото што некогаш им припаѓаше на купеата во компакт класата: На овој „LS“ спакуван во 4,5 метри му ги посветивме најубавите есенски рути за возење во Македонија

Како заокружување на сезоната на тест-репортажи ни пристигна еден необичен автомобил. Необичен, дотогаш. Сцената обично ги гледа кросоверите како автомобили што се на половина пат меѓу СУВ и најчесто класична комбилимузина. A, тоа значи дека кросоверите не се ценат ниту како СУВ, ниту како комбилимузина. Во нашиов случај сепак постоеше една отстапка, што е сé освен мала. Станува збор за Lexus, и станува збор за Lexus UX. Тоа што светот го гледа однадвор како скап компакт што е малку повисок од другите, внатре го нуди сиот луксуз што може да се замисли во големите лимузини (и СУВ-модели на марката). На UX, секако хибриден, му посветивме три од најубавите рути за есенско возење низ Македонија. По најубавите есенски рути низ Македонија со Lexus UX https://automedia.mk/objavi/lexus-ux-esenski-ruti/. Само неколку седмици подоцна, јапонската марка објави дека UX прв почнува да вози само на струја, во новата изведба UX 300e.

Автомобил што со димензиите не се издвојува премногу, но затоа во кабината нуди луксуз на ниво на крстосувач, вклучувајќи и приспособлива амортизација. Некој ќе го нарече тоа совршена комбинација

Наесен, кога човек везден е ваму таму и гледа да ги заврши сите работи пред да стегне зимскиот студ, на македонскиот пазар пристигна точно автомобилот кој личи како да одговара најдобро за таа подготвителна мисија – и за секоја друга. Новиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен https://automedia.mk/objavi/mitsubishi-l200-makautostar-prodazba/

Илон Маск со својата Tesla прави моделските премиери од оваа марка да бидат главни вести во дневниците. Tesla Cybertruck е најсмело претставениот и најконтроверзно дизајнираниот автомобил во поновата и постарата историја. Автомобил чиешто појавување буквално го помести светот: Дизајнот на сајбер-пикапот ги урна акциите на Tesla за шест проценти https://automedia.mk/objavi/tesla-pickup-pad-akcii/

https://www.instagram.com/p/B5YvpB3HnC8/

Можеби (и тоа) беше до автомобилот, или тоа повеќе се темелеше врз добрата организација на настанот, но премиерата на Kia XCeed, како четврта моделска изведба во гамата на овој компакт, дефинитивно беше уште еден важен автомобилски настан на годината. Ретко кога поканетите гости покажувале толку искрен интерес. Има нешто големо во автомобилов – Домашна премиера на Kia XCeed: Кога Ceed ќе се надмине себеси https://automedia.mk/objavi/kia-xceed-domasna-premiera/

Како убаво изненадување, следен автомобил на тест во редакцијата беше BMW од серијата 1. Овој BMW, со погон напред, нé поучи сите дека инженерингот е то што прави оваа марка да биде голема. Кому уште му е важно дали „единицата“ има погон напред или назад, ако вози како „баварец“ Тест: BMW 118i M Sport https://automedia.mk/objavi/test-bmw-118i-m-sport/

https://www.instagram.com/p/B5uurr8H9hN/

Потоа почна сезоната на екстремна аерозагаденост, а со тоа и темата што секако дека и нас нé засега. Впрочем, кого тоа не засега? Повторно се покажува делотворна спрегата: Еколозите незаинтересирани за вистинските извори на загадувањето, постојано пронаоѓаат нови божемни извори и преку наивните медиумски уредништва воведуваат истовремено паника и револт меѓу народот, за потоа да се јават властите и со самоувереност на спасител на светот да го одврзат државното ќесе и со беспрекорно алиби да посветат десетици милиони евра за надминување на проблемот. Екологија во интерес на бизнисот на државна сметка. Сето тоа уредно го објавивме во: Доаѓаат нови закони, автомобилите ќе загадуваат по старо https://automedia.mk/objavi/avtomobili-zagaduvanje-zakoni/

Протестниот марш против аерозагаденоста имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат
Протестниот марш против аерозагаденоста имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат

Голема симболика има во двата настани што се одржуваат паралелно. Додека „зелените“ протестираат и создаваат историја, а уште поважно и свест, собирајќи десетици илјади граѓани на протести, во Скопје доживува премиера новата генерација на Opel Corsa. Овој автомобил со добро познато име, создаден првенствено да биде достапен за најширокиот круг купувачи, било да е нов или користен, во новата генерација ќе биде достапен и со погон на струја. Новата Opel Corsa ја продолжува обновата во градската класа  https://automedia.mk/objavi/opel-corsa-premiera-mk/ Додека трае премиерата, воздухот во Скопје повторно мириса каков што го знаеме. За тие два часа протести и блокирани улици, воздухот се прочисти: Протестниот марш против загадувањето имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат https://automedia.mk/objavi/protesten-mars-namalena-aerozagadenost/

Темите поврзани со загадувањето се неизбежни. За политичарите нема загадување, а дизел скандалот ни вози по улица https://automedia.mk/objavi/zagaduvanje-ogranicuvanje-brzina/

Тоа што остави најдлабок печат на годината е раскинувањето на спрегата меѓу индустријата и политиката. Загадувањето и промените што се предизвикани низ историјата од неодговорното однесување на човекот, повеќе не може да се прикриваат. Во годината што ни претстои е сосем извесно дека промените во годинава што ја испраќаме беа само почеток. Возењето на струја ќе станува сé подостапно, меѓу другото и поради новите форми на електрификација на погонската спрега, од типот на благи хибриди. Тоа е во глобални рамки. Кај нас, уште претстои разграничување меѓу мобилност што не ѝ наштетува на животната средина и мобилност на којашто ѝ се дозволува да потисне сé пред себе.

Со најубави поздрави во Новата 2020 Година!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Rio Sedan Rusija

Kia Rio или најпродаваниот автомобил во Русија, што не е Lada

Брзо како струја: Volkswagen веќе со 250K возила со електромотор

Брзо како струја: Volkswagen веќе со 250K возила со електромотор