Швајцарија подготвена за нафтена криза, можно ограничување на 80 км/ч на автопатите

Швајцарија е подготвена да ја ограничи брзината на возење на автопатите при продлабочување на нафтената криза. Во краен случај, ќе се вози најбрзо 80 километри на час.

Слика создадена со ВИ

Швајцарската сојузната управа за економско снабдување неодамна испрати допис до останатите управи во земјата, да го проверат и оценат предлогот за ограничување на брзината на возење на автопатите.

Предлогот содржи услови под коишто би можело да се воведе ограничување на 80 километри на час, како и податоци за заштедата во гориво што би се постигнала од тие мерки. Прашање е дали тоа ограничување ќе важи и за електричните автомобили.

Дизел горивото се обезбедува од државните резерви

Швајцарија се соочува со неизвесност околу снабдувањето со горива. Според извештајот од 21-ви октомври, силните дождови на југот на Франција го попречиле транспортот на сурова нафта и нафтени продукти. Поради тоа, земјата мора да посегне по т.н. задолжителни државни залихи.

До 22-ри ноември ќе се исцрпат до 45.000 кубни метри дизел од државните залихи. Тоа претставува околу четири проценти од задолжителната залиха од горива на државата.

Од залихите се обезбедуваат и потребите од керозин, со коишто ќе се покрие побарувачката до почетокот на ноември. Кризата не ги погодува подеднакво сите видови гориво. Според Управата, снабдувањето со бензин и мазут е обезбедено, додека потребите од дизел и керозин се покриваат од резервите. Ситуацијата се оценува дека е мошне неизвесна и чувствителна.

Една од мерките е ограничување на брзината

Управата за економско снабдување проверува постојано, дали и кои мерки треба да се преземат за да се надмине тесното грло во снабдувањето. Прво ќе се предложат самоиницијативни мерки, како заедничко користење возило, преоѓање на јавен превоз и избегнување да се користи возило кога тоа не е неопходно.

Доколку мерки не вродат плод, тогаш ќе се воведе ограничување на брзината на автопатите и споредните патишта. Во случај да се продлабочи кризата, на патиштата ќе смее да се вози најбрзо со темпо 80.

На тој начин ќе се смали потрошувачката на гориво и ќе се растоварат државните залихи. Властите засега немаат наведено конкретен датум и мерки. Исто така недостига податокот за количината на гориво што би се заштедила на тој начин. Во моментов останува ограничувањето на 120 километри на час.

Еден полн резевоар со „евтина“ нафта не менува многу, се штеди на подолг пат

Претходна објаваСузуки е најиздржлива марка според британските возачи
Следна објаваФабрика на Фолксваген расклопува стари возила и обезбедува резервни делови