Бред Пит вели за новата машина на АМГ дека е „претешко да ѝ одолее“

Кога во октомври ќе наидете на реклама за новиот Мерцедес-АМГ ГТ 4-вратно Купе, во неа сигурно нема да отсуствува холивудската ѕвезда Бред Пит. Кампањата од под насловот „Ту Хард Ту Резист“, односно „Претешко е да одолееш“.

Славниот холивудски актер Бред Пит а амбасадор на новото ГТ-купе со 4 врати на Мерцедес-АМГ. Во тек е рекламна кампања од светски размери.

По спектакуларните каскадерски сцени што Мерцедес-АМГ лани ги нарача во Холивид за својот нов АМГ ГТ 4-Врати, со Бред Пит како „втора“ ѕвезда во најавното видео за моделот, сега нашироко стартува светската кампања.

Новиот Мерцедес-АМГ ГТ 4-Врати Купе е реализација на концептот АМГ ГТ Икс Икс, со којшто спортската марка од Афалтербах го најави својот прв самостојно развиен и целосно електричен автомобил. Кусо, тоа е врвот што АМГ може да го постигне со електричниот погон, во автомобил што може да се извади од салон и да се вози меѓу други автомобили.

Изгледот е едно, меѓутоа тој само потпомага за „првенствено да ја разбуди желбата да седне и да се вози,“ порачува АМГ. Новото врвно купе со 4 врати првпат се појави пред светот на голем настан Лос Анџелес, во мај.

Уште тогаш беше јасно дека Бред Пит ќе биде човекот што за време на пробивот на моделот на светската сцена ќе се гледа покрај ГТ-то и зад воланот.

Изборот падна на Бред Пит, затоа што тој соединува амбиција, перформанси и иновациски дух, стои во соопштението од АМГ. Тоа се вредности што се вкоренети во самата марка. Бред Пит е член на „најбрзото семејство во светот“, на луѓе што го градат имиџот на марката.

Сценариото е блиску до генијално и далеку од здодеано. Бред Пит е седнат зад воланот на Мерцедес-АМГ ГТ 4-Врати Купе и вози брзо пробивајќи се меѓу контејнери на пристаниште, класична крими-сцена, и за да побегне од гонителите, притиска „буст“ на воланот, за да добие повеќе сила. На местото каде што треба да се сними како од контејнерите скока опасен лик врз покривот на автомобилот, АМГ-то има поминато побрзо отколку што е предвидено. И тоа е само почетокот…

Постојат две варијанти на рекламното видео, едната од 30 секунди за сите, а другата од минута и пол, што според тв-правилата во САД е наменета за над 18 години.

Претходна објаваНајпродавани автомобили во Европа во првите осум месеци од 2026

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here