Фиат Тополино мина одлично во земјата на Кадилак и Шевролет

Малечкото на Фиат наиде на изненадувачки добра прифатеност меѓу купувачите во САД. Тополино е барана стока во Европа, магазинот Тајм го прогласи за историско достигнување, а излегува дека и во САД им се допаѓа.

Во време кога владата на Трамп нареди откажување на производството и помагањето на продажбата на електрични автомобили и враќање на големи и тешки Ве-8, неочекувана е веста дека токму Фиат Тополино постигнува голем успех во земјата и повеќето дилери ги распродадоа залихите.

Фиат Тополино е малечко, но во светски размери е големо автомобилче. Овој лесен четирицикл со електричен погон, во првото полугодие надмина 3.000 продажби на неколкуте пазари низ Европа на коишто се продава. Тоа е далеку од неговиот близнак Ситроен Ами, којшто брои над 75.000 примероци, но затоа името му е големо на светската сцена, повикувајќи се на истоимениот модел од историјата на Фиат.

Најновата вест што се поврзува со „глувчето“ доаѓа токму од САД, каде што Тополино имаше голем настап меѓу големите и скапи јахти на меѓународниот салон за наутика во Форт Лодердејл.

Производителот од САД го искористи овој настан за да соопшти дека повеќето дилери во земјата веќе ги имаат продадено сите примероци што ги резервирале за првата прекуокенска пратка.

Луѓе насекаде ја сакаат Тополино од истите причини: „Едноставна, достапна и со карактер, дизајнирана за секојдневното патување да го направи полесно и позабавно, со препознатлив италијански стил што отсекогаш го одликувал Фиат“, порачуваат Италијанците во соопштението.

Во Форт Лодердејл беше прикажан единствен примерок од Фиат Тополино, изработен заедно со Санлоренцо, прочуен италијански производител на јахти.

Овој Тополино доби соодветна бина за премиерата, на палубата на скапата јахта Санлоренцо С Икс 100. Малечкиот четирицикл презеде неколку обележја од дизајнот на Санлоренцо, заедно со природни материјали, отмени платна и рачна изработка.

Фиат се обрахри од овој успех и додаде две нови бои за да избираат купувачите во САД – корално портокалова и месечево греж. Додаден е нов екран во боја и верзија Опен Ер, со платнен покрив што се собира.

Големо признание дојде од магазинот Тајм, што го прогласи Тополино за еден од најдобрите пронајдоци за 2026 година во категоријата за дизајн.

И цената во САД е солидна: 14.985 долари, плус уште 295 долари за двете нови бои, корална и греж.

Претходна објаваПорше добива нов главен инженер, Бартелс доаѓа од Мерцедес