На салонот во Париз, најголем заеднички настан на производителите на автомобили во Европа годинва, што ги отвора вратите на 13-ти октомври, секој ден ќе донесува различно искуство на штандот на Пежо.
Најразлични содржини се предвидени на настапот на Пежо на домашниот салон во Париз, со намера да се дадат нова смисла и нови содржини на големите настани од овој калибар. Од традиционална занаетчиска изработка, преку рагби и мотоспорт, покрај неизоставното поглавје на Гти-модели, маркта со лавот секој ден ќе им обезбедува различно искуство на посетителите.
Француските домаќини имаат подготвено средби, натпревари, демонстрација и активности за публиката. Покрај тоа, на штандот ќе гостуваат спортски ѕевзди, тркачи, дизајнери, актери и амбасадори на марката. Пежо ветува настан што ќе се разликува од вообичаената практика на изложување возила.
Вторник 13-ти октомври: Ден за француската занаетчиска изработка
Пежо по овој повод ќе го повика партнерот Мелјер Уврие де Франс (најдобар занаетчија во Франција) и Мелјер Апренти де Франс (најдобар млад занаетчија во Франција). Посетителите ќе можат да изберат графика од визуелниот свет на Пежо и да добијат привремена тетоважа.
Главната улога покрај автомобилите ќе ѝ припадне на Северин Гамба, прочиуена уметница за шминка и цртање на тело.
Среда 14-ти октомври: 30 години патнерство со Стад Тулузен
На штандот ќе се одбележат три децении партнерство со Стад Тулузен, професионален рагби клуб.
Четврток 15-ти октомври: Тестирање рефлекси со Пежо Спорт
Ден посветен на учеството на Пежо во светското првенство во трки на издржливост. Преку серија предизвици, посетителите ќе можат да проверат колку им се брзи рефлексите.
Петок 16-ти октомври: Ден за француската кинематографија
Пежо веќе подолго време го поддржува создвањето и прославувањето на филмовите. Овој ден целосно ќе биде посветен на партнерството со продуцентската куќа Пате. Штандот ќе биде опкружен во свечен дух, како на филмска премиера.

Сабота 17-ти октомври: ГТи
Саботата ќе биде посветена на ГТи-моделите на Пежо, од 205 ГТи до новиот електричен Е-208 ГТи со неговите 280 КС. На штандот ќе може да се пробаат напредни возачки симулатори.

Недела 18-ти октомври: Објава на ново партнерство
За заокружување на серијата настани, во неделата ќе се објави партнерство со прочуена француска марка од светот на занаетчиството. Претпоставка е дека се работи за име од светот на модата. Посебна серија производи со знакот на Пежо ќе следи како производ од оваа ексклузивна соработка.















