Канада не сака автомобилски пазар како во САД, туку како европскиот

Близу половина од Канаѓаните сакаат автомобилскиот пазар во земјата да биде сличен со европскиот, со поголем избор на компактни и електрични автомобили. Така налагаат паричните можности, царините од САД и намерата Канада да стане придружна членка на ЕУ.

Канаѓаните повеќе сакаат помалечки автомобили и можност за избор на електричен погон.

Од близу 2.800 канадски жители што учествувале во истражувањето во септември, 47 проценти кажале дека повеќе сакаат автомобилскиот пазар да се движи во насока како европскиот, наспроти 21 проценти, кои што повеќе се за прифаќање на влијанието од САД. Остантите 32 проценти не се за промени, покажа истражувањето спроведено од Абакус Дата, нарачано од Клин Енерџи Канада.

Поддршката за повеќе компактни и електрични возила што се продаваат во Европа укажува на разликата меѓу купувачите во Канада и САД. Врз одлуката секако влијаат и високите цени на возилата, посочува Тревор Мелансон, директор во Клин Енерџи Канада.

„Тоа не е само расположение против САД. Канаѓаните имаат малку поразлични барања за возила.“

Главнината од канадскиот автомобилски пазар го сочинуваат пикапи и СУВ, и со текот на времето се испразни сегментот на компактни возила, така што на купувачите им остана да бараат решение кај производителите од Европа, изјави Тим Рус, извршен директор на канадското здружение на автомобилски трговци КАДА.

„Канаѓаните бараат повеќе возила и поголем избор.“

Преофрлувањето на изборот на купувачите кон европските производи почнува да се чувствува и кај автомобилите. Некои марки имаат европски модели што се „готови и подготвени“ за да почнат да се продаваат во Канада, доколку дилерите се заинтересирани да ги продаваат, кажува Рус.

На двата континенти се разликуваат стандардите за безбедност.

Канадските стандарди за безбедност на возилата се слични со тие во САД, а не постои начин за возилата произведени според европски стандарди брзо да се приспособат за Северна Америка. Тоа ограничува за возилата од едната страна на Атлантикот да се продаваат и на другата страна.

Канада остана со иста понуда како во САД, затоа што како како пазар е премалечка за да ги оправда трудот и трошоците за хомологирање.

Откако во минатата година беа воведени царини за автомобили во САД, КАДА и Клин Енерџи Канада, меѓу другите, почнаа да притискаат за Отава да ги усвои стандардите за безбедност на ЕУ, за купувачите да добијат подостапни возила и избор на електрични возила.

Рус кажа дека постои голем интерес за таков чекор меѓу законодавците во Отава, иако државната бирократија уште се двоуми околу промените.

„Веројатно е потребна политичка порака за тоа да се заврши брзо.“

Свртувањето на Канада кон Европа, вклучувајќи го истражувањето на можноста на земјата да стане придружна членка на ЕУ, може да биде од клучна важност.

Прифаќањето на стандардите за безбедност на ЕУ може да биде една од трговските акции што ќе ја „цементираат“ новата соработка, вели Рус.

Најпродавани автомобили во Европа во првите осум месеци од 2026

Претходна објаваПежо секој ден ќе има различна тема на Салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here