Електричните возила и современата мобилност во фокусот на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026

Меѓународниот саем за техника, технологија, енергетика и иновации ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 ќе се одржи од 29ти до 31ви октомври, во Арена Борис Трајковски на изложбена површина од 2.500m². Саемот и оваа година ќе ги обедини водечките компании, експерти, институции и професионалци од повеќе индустриски сектори на едно место.

Практичност, удобност и лесно паркирање – токму тоа го нудат електричните возила на Urban EV, создадени како идеално решение за секојдневно движење низ градот. Компактни, економични и едноставни за управување, тие одговараат на потребите на современиот урбан живот, особено во средини со густ сообраќај и ограничен простор за паркирање.

Возилата се особено погодни за студенти и постари лица, благодарение на едноставното управување, компактните димензии и лесното маневрирање. Тие овозможуваат сигурно и удобно секојдневно патување, без непотребни трошоци и без долгото барање слободно паркинг-место.

Меѓу учесниците на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 која ќе се одржи од 29 до 31 октомври во Т Арена С. Ц. Борис Трајковски, во програмата на електрични и хибрид возила се и CILAZ со возилата BAIC и ABC Brother – Скопје со возилата DONG FENG, како и Аутомакедонија со возилата Skywell, Farizon и Noos, кои дополнително ќе ја збогатат саемската понуда во сегментот на современата мобилност и автомобилската индустрија.

Во делот посветен на инфраструктурата за електрични возила ќе се претстават и Електроинвест и ЕВН, со решенија за полнење што се важен дел од развојот на одржливата мобилност.

Присуството нa електрични и хибридни возила ќе покаже дека електричната мобилност не е само визија за иднината, туку достапно решение за денешните градски предизвици. За кратки секојдневни релации, со помали трошоци и едноставен начин на движење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by skopje.fair (@skopski.saem)

Покрај урбаната електрична мобилност, саемот ќе прикаже и современи достигнувања во енергетиката, паметните технологии, автоматизацијата, машинството и одржливите практики.

Ако барате електични и хибридни возила посетете го саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 од 29 до 31 октомври во Т Арената – С.Ц. „Борис Трајковски“, и запознајте ги електричните возила на Urban EV, BAIC, DONGFENG, Skywell, Farizon, Noos и други и искористете ја можноста да ги возите за време на саемските денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by skopje.fair (@skopski.saem)

Претходна објаваКанада не сака автомобилски пазар како во САД, туку како европскиот
Следна објаваКолку електрични возила може да се субвенционираат со 2,1 милиони евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here