Донгфенг Мејџ со хибриден погон прави повеќе од многу

Додека повеќето очекуваа дека производителите од Кина ќе го освојуваат пазарот со тоа што ќе ги нудат најевтините и наједноставни автомобили, Донгфенг покажа дека купувачите ги привлекува тоа што тука добиваат повеќе. Мејџ со приклучен хибриден погон е продолжение на таа практика.

Браншата почна да го користи поимот „кинеска брзина“. Кога менаџерите на големите и традиционални производители со европски корени го кажуваат тоа, мислат прво на брзината со којашто нивните нови соперници развиваат и пуштаат нови модели во продажба и се приспособуваат на промените на пазарот, било да е тоа предизвикано од економијата/царините, било од политичките зафати за поскапување на нафтата.

Кинеска е и брзината со којашто Донгфенг го донесе на сцена својот Мејџ со приклучен хибриден погон. Тоа е погонот што луѓе го сакаат во ова време, кога цените на нафтата поради случувањата во Ормузкиот Теснец достигнаа непристојни вредности и уште не почнуваат да паѓаат. Погон по принципот, вози на струја колку сакаш или можеш, а кога нема да сакаш или можеш, тука е првата станица за точење бензин.

Уште е голема привилегијата во тоа што новите модели на Донгфенг доаѓаат на македонскиот пазар многу побрзо отколку на големите пазари во ЕУ. Додека Мејџ ПХЕВ од минатата недела е веќе реалност на македонската сцена и моделот е изложен во двата салони на Донгфенг во Скопје, тој на континентот се нуди само уште во Белгија, Словачка и Италија, додека во Франција, Германија или во Шпанија е само во најава преку мултибренд увозници.

Најавата во насловот, оти Мејџ со приклучниот хибриден погон нуди повеќе од многу, се однесува на позицинирањето на моделот на македонската сцена. „Меџик-Мејџ“ досега привлекуваше купувачи во изведбата што во повеќето подрачја е над просекот, односно над очекувањата. Мотор од 1,5 литар со современа и свежа конструкција, што се докажува со степенот на ефикасност од блозу 50 проценти, со близу 200 КС, со просторна и згодно стокмена каросерија, секако со многу опременост, со пријатно чувство внатре, и како екстра, со возна динамика што беше големо изненадување кога моделот пред година и пол дојде на тест во Аутомедиа.

Со штедливоста може да се биде задоволен и со тој мотор Мах Пауер 1.5Т што не користи каква било електрификација, туку само добар инженеринг. Сега се случи и електрификацијата. Поточно, Донгфенг само чекаше за европските возачки и возачи во новонастанатите услови да се сетат дека приклучниот хибриден погон им се допаѓа. Кинескиот производител веќе одамна ја продава на домашниот пазар изведбата од Мејџ со целосно електричен погон, исто како и приклучниот хибрид.

За разлика од кинескиот пазар, каде што Донгфенг Мејџ ПХЕВ вози со 337 КС и 605 њутнметри, Европејците ќе мора да бидат среќни со „само“ 220 КС системска моќност. Како што најавивме во првата објава летоска, ПХЕВ-изведбата на Мејџ го користи истиот 1,5-литарец како стандардниот модел, меѓутоа истиот е преработен во корист на милеровиот циклус – тоа е задоцнето затворање на вшмукувачките вентили кога клиповите почнуваат да се движат нагоре од долната мртва точка – за да се постигне повисока штедливост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Место близу 200 КС, турбо бензинецот во Мејџ со приклучен хибриден погон располага со 111 КС, но затоа му помага електромотор со моќност од 120 КС. Батеријата е со големина од околу 17 киловатчасови, што според нормата ВЛТП испорачува енергија за 81 километри во мешани услови на возење. При градско возење, може да се смета на околу 100 километри.

Тоа што е вредна одлика секако е можноста за брзо полнење, кога се патува подалеку и човек сака да го искористи полначот што е по пат, место да продолжува со хибриден погон.

Донгфенг Мејџ ПХЕВ во онлајн-каталогот со сите нови модели на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Dongfeng Mage PHEV

Податоците за моќноста на полнење на обичен или брз полнач, а со тоа и за времетраењето на полнењето уште не се објавени, меѓутоа како што практиката досега ги научила сопствениците на електрИчни и приклучни хибридни возила, една ноќ на обичен домашен приклучок е доволна за три дена да се вози на струја во градското секојдневие.

Од тоа што го покажа првиот примерок во салон, изработката и вниманието во детали зафаќаат уште еден степен погоре, а изненадува и брзината на работа на инфо-забавниот систем. На екранот пишува Донгфенг ОС, што наведува на заклучок дека и тоа една од промените во оваа моделска изведба. Вредна новина претставува и поддршката за Епл Карплеј.

Засега уште нема најави кога Донгфенг ќе го пушти Мејџ ПХЕВ на тест возење во Аутомедиа, но затоа има најава за уште еден новитет, а тоа е електричниот Виго, модел од Б-СУВ сегментот, со целосно електричен погон, а цена на бензинец.

Донгфенг додава модел со хибриден погон во гамата на Мејџ

Претходна објаваТест на зимски гуми на ADAC: Димензија 185/65 R15