Литиум-јон батеријата во телефоните и други преносни уреди може да стане извор на пожар. Зошто високите температури се ризик за батеријата и како да ги заштитите вашите уреди.
Литуим-јон батериите се издвојуваат со високата енергетска густина, но токму поради таа одлика, тие се чувствителни на топлина. Под „бегство на топлина“ се подразбира верижна реакција што може да се предизвика во самите батериски ќелии.
При прекумерно загревање, хемиските состојки се разложуваат, исто како и електролитот. Тоа доведува до ослободување гасови, а температурата продолжува да расте. Високата температура може да предизвика палење на соседните ќелии, што понатаму ќе се пренесува како домино во целата батерија.
Поради оваа чувствителност, опасно е телефонот да се остави во возилото, на пример заради полнење, каде што температурите брзо ја надминуваат критичната вредност од 45 степени Целзиусови.
Зошто литиум-јон батериите се толку чувствителни?
Хемиските процеси во литиум-јон батериите се поврзани со температурата. Тие стареат побрзо на температури над 45 степени Целзиусови. Над 60 степени, може да се предизвикаат трајни оштетувања.
Меѓу електродите во батериската ќелија се наоѓа тенка фолија, којашто се нарекува сепаратор. При нејзино оштетување, значително расте опасноста од краток спој. Изложувањето на телефонот на директно сончево зрачење или негово оставање во багажникот исто така може да предизвика прегревање.
Безбедносни совети за секојдневието
За да се избегне опасноста од палење на батеријата, корисниците треба да внимаваат на неколку основни правила за безбедност:
- Избегнувајте директна топлина. Не ги оставајте телефоните и лаптопите во паркирано возило, посебно не врз арматурната табла.
- Користете ташни со изолација. За подолго патување, може да се користат термо-ташни, што ја одржуваат температурата.
- Користете оригинален прибор: За полнење, користете само уреди од производителот, затоа што тие се приспособени за батеријата.
- Не продолжувајте да користите оштетена или „надувана“ батерија.
Производителите нудат заштитни решенија
Поновите уреди располагаат со интегриран заштитен механизам, којшто обично се води како БМС, и има функција да спречи прегревање. Овие системи постојано ги следат температурата и наполнетоста, за при дефект да го исклучат напонот. Некои производители се префрлија на нови материја, како батерии со цврст електролит, коишто помалку се чувствителни на жештина.















