Производството на автомобили во фабриките во Кина постигна незначителен раст во октомври, поради долготрајниот пад во побарувачката за автомобили на домашниот пазар. Расте притисокот на најголемиот автомобилски пазар во светот поради недоволната искористеност на фабричките капацитети.
Октомвриската продукција во автомобилските фабрики во земјата постигна раст од само 0,9 проценти во октомври, покажуваат владините податоци. Тоа е најслаб раст од 2022 година наваму, кога строгите мерки за заштита од ковид предизвикаа масовен прекин во производството.
Кинескиот автомобилски пазар е погоден од прекумерниот производствен капацитет, откако укинувањето на субвенциите и забавената економија ја ослабнаа потрошувачката во земјата. Производителите останаа со премногу возила, а малку купувачи за нив.
Извозниот бум помогна да се ослободи дел од тој притисок, но клучните извозни пазари воведуваат сé построги мерки за заштита, што притиска врз извозот на автомобили од Кина.
Кинеското здружение за патнички авотмобили во почетокот на месецов предуипреди дека извозот во 2027 година ќе забави на 10 проценти, поради воведувањето царини и ограничени квоти за увоз на прекуокеанските пазари.

















