Мерцедес-Мајбах пушти нова серија луксузни очила

Марката очила што ѝ е многу позната на македонската јавност изработи нова серија очила за сонце и корекција на вид, изработени рачно, од материјали како титан, украсени со дијаманти.

Мајбах е име што поседува доволно тежина да го пренесе своето значење на бројни производи што се поврзуваат со луксузното живеење и поседување. Единаесет нови модели очила со името Мајбах им стојат на располагање на имотници, од модели без рамка, до впечатливи навигатор-форми, и за сонце, и за корекција на вид.

Впечатливото лого на Мајбах со двојното М укажува јасно за какви очила станува збор. Цената се оправдува со рачна изработка, со напредни технологии и со користење исклучителни материјали, од рогови и ретко дрво, до јапонски ацетат и титан, со по некој дијамант тука и таму.

Моделите

Кралот Четврти

MAYBACH Eyewear THE KING IV MGJ-B-HAA-Z60_68 D

Класична форма на пилот-очила со нагласена линија на веѓи и видливо лого Мајбах. Титан и платина, ретко дрво или рог, стакла Карл Цајс, избор 24-каратна позлата, 18-каратно розе злато, паладиум или црн лак.

Хајнес 2

MAYBACH Eyewear THE HIGHNESS II MG-HAS-Z65

Филигрански лесни и со посветеност до ситни детали. За корекција на вид, инспирирани од внатрешноста на возилата Мајбах.

Меџик 3

MAYBACH Eyewear THE MAGIC III MG-WFC-Z25

Спој на елеганција со префинетост. Класична форма на стакла, лесен изглед и ексклузивни материјали. Ситни детали од титан, лого од бисер, достапни и за корекција и за сонце.

Хастлер 1

MAYBACH Eyewear THE HUSTLER I MG-ACC-ACD-Z62

Динамична елеганција и единствен карактер. Класична навигатор-форма со нежна силуета и нагласен двоен мост. Јапонски ацетат со впечатливи комбинации од бои и длабински ефект.

Еџ 1

MAYBACH Eyewear THE EDGE I MG-HCR-Z66

Маркантни, карактеристични и елегантни. Впечатлива силуета со лакови од рог, во три усогласени бои, со естетика на скулптура.

Артист 3

MAYBACH Eyewear THE ARTIST III P-WEG-Z25

Мајсторско дело со безвременска енеганција. Класика меѓу очилата Мајбах, со филигранска конструкција без рамка и чисти форми.

Гардијан 1

MAYBACH Eyewear THE GUARDIAN I MG-PA-ACN-Z62

Легендарна форма на пилотски очила од 1970-те, со префинета изработка и самоуверен изглед. Од јапонски ацетат, со делови од титан, дебели 4 милиметри.

Президент 2

MAYBACH Eyewear THE PRESIDENT II MG-WET-M09

Суверена елеганција и маркантни акценти. Лесни очила за сонце без рамка со впечатливи елементи и одбрани материјали. Рачно изработен дрвен лак, контраст мат-сјајно.

Вајпер 1

MAYBACH Eyewear THE VIPER I G-HF-Z36

Со ретро изглед и чист луксуз. Дизајн од 1990-те со одбрани природни материјали. Рамка од рог, секој модел има различна шара.

Лојал 1

MAYBACH Eyewear THE LOYAL I MG-AV-Z25

Чисти линии и цврст карактер. Класична правоаголна форма на очила за корекција на вид, со модерна елеганција. Јапонски ацетат со необични бои и прецизна изработка.

Идол 1

MAYBACH Eyewear THE IDOL I PA-WEG-M12

Екстраваганција со несекојдневен дизајн. Стакла со ромбовидна форма, без рамка, со необичен изглед и препознатливи обележја на Мајбах. Очила за сонце.

Претходна објаваБи Уај Ди преговара за влез во Формула 1 откако постави брзински рекорд