Опел со есенска кампања за СУВ-триото Мока, Фронтера и Грандленд

Еуроимпекс ја внесува марката Опел во средината на есента со кампања што се води како Недели на СУВ и којашто се однесува на трите популарни модели Фронтера, Мока и Грандленд.

Стилскиот кросовер Опел Мока ја спушта цената под звучната граница од 20.000 евра, додека Грандленд допрво зема сила со 1,6-литарскиот турбо. Фронтера и натаму се води како „многу автомобил за парите“

Сите три моделски изведби во кампањата на Еуроимпекс за марката Опел се однесуваат на првото ниво на опременост Едишн, меѓутоа германската марка одамна нé научи дека првото ниво не значи и „основно“. Во сите три СУВ-модели стандардно се вградуваат клима уред, камера за брзинско ограничување, систем за задржување во лента, паркинг сензори и сензор за дожд.

Триото стартува со Опел Мока 1.2 Едишн со 136 КС и рачен менувач, со акциска цена од 19.900 евра, место редовните 21.160 евра. Тоа е заштеда од 1.260 евра, односно е разлика од околу шест проценти.

Опел Фронтера со акцијата уште повеќе ја зголемува противвредноста и со акциската цена од 20.800 евра оди 910 евра под редовната цена. Тука работи мотор со 100 КС, исто така со рачен менувач.

Големи поместувања на македонската сцена се случија откако Стелантис го додаде 1,6-литарскиот турбо-бензинец во својата понуда од мотори за одредени региони во СУВ-моделите од компакт/средната класа, каде што електрификацијата уште не е главен аргумент за купување.

Со овој мотор што во основата е ист со 1,6-литарецот во изведбата на Опел Грандленд со приклучен хибриден и понуден е прво во Пежо 3008, СУВ-моделот од средната класа на Германците цели точно кон местото на долгогодишниот бестселер Киа Спортаж.

Со бензинецот со 180 КС и 6-степен автоматски менувач со двојна спојка, Опел Грандленд чини акциски 29.890 евра, наспроти редовната цена од 33.280 евра, што значи дека тука е најголема заштедата и во вкупниот износ и во проценти: Разликата е 3.390 евра, односно околу 10 проценти.

Како што соопштија од Еуроимпекс за времетраењето на кампањата, акциската понуда за СУВ-триото ќе трае еден месец.

Сите три модели беа на тест во Аутомедиа, видеата од тестот се во продолжение

Претходна објаваТојота продолжи со рекорди во Европа, речиси 90% се хибриди или електрични

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here