Французите не ја пропуштија пригодата, и на домашниот салон на автомобили во Париз, покрај концептниот автомобил што е најава за идниот Ситроен 2ЦВ, прикажаа уште едно поглавје поврзано со прочуениот модел, а тоа се однесува на неговата доставна изведба Фургонет.
Ду Шево Фургонет концепт ги спојува шармот на историското доставно возило, што скоро имаше моќна појава во филмот Француска Депеша (2021) на Вес Андерс, со намерата на Ситроен да развие едноставен и достапен автомобил со електричен погон, за разнесување пратки во градското секојдневие.
Таков беше и оригиналниот 2ЦВ Фургонет, чијашто продажба стартуваше во 1951 година. Едноставната техника потекнуваше од 2ЦВ, а бидејќи долу се наоѓа носечка шасија, беше едноставно да се награди голем и пристапен товарен простор назад.
Во последните децении од минатиот век, во поширокиот регион беше присутна и наследничката на Фургонет, базирана врз Дијана и позната како ДАК. Таа беше слична со оригиналната Акадијана, што излегуваше од шпанската фабрика, но беше развиена посебно, во соработка на тогашни Цимос и Томос, во Копер, Словенија.
Електричен транспортер за заначетчии и достава
Тоа поглавје сака да го продолжи новиот концептен автомобил. Лесно се препознаваат формите и стилот на историското доставно возило, исто како и основата што ја дава 2ЦВ Концепт.
Освен изгледот, идниот Фургонет го презема и еднотавниот пристап, без премногу украси, со практични решенија и пред сé со намера да се направи колку е мошно подостапен автомобил. Ситроен го замислува возилото како достапен електричен транспортер за мали фирми, занаетчии и за достава.

Ситроен не открива детали околу техниката, како во поглед на моќноста, така и во досегот или зафатнината на товарниот простор. Нема најава ниту за цената, a производителот псоочува дека концептот е замислен само како вежба на неговите дизајнери и нема планови да го произведува. Но, сосем е извесно дека ретро-модели со достапна цена и електричен погон поминуваат на пазарот.















