Кинеските производители масовно донесуваат хибриди во Европа пред ЕУ да воведе квота

Кинеските производители на автомобили ги засилија бродовите натоварени со возила кон Европа во третото тромесечје, со цел да се постигне залиха од возила, пред Европската Унија да воведе квота, со којашто нивниот извоз ќе се преполови.

Најпродаван приклучен хибрид во Европа до септември е Би Уај Ди Сил Ју, со 74.109 возила.

Извозот на патнички автомобили од Кина во третото тромесечје порасна за 72 проценти во споредба со лани. Кај приклучните хибриди, извозот пораснал 172 проценти, кај батериските електрични возила 135 проценти.

Според известувањето што Бернштајн го испратија до инвеститорите, најголем скок во испораките кон Европа имаат хибридите и приклучните хибриди. Европа сега е најголем прекуокеански пазар за патнички возила што се произведени во Кина.

Овој раст се случува во време кога Пекинг и Брисел се пред финализација на спогодбата, со којашто ќе се ограничи бројот на хибридни и приклучни хибридни возила што се испраќаат од Кина кон ЕУ. Очекувањата се дека со оваа мерка, увозот во следната година ќе се намали за повеќе од половина во споредба со годинава.

Според објави во медиумите и од аналитичарите, ЕУ в година ќе го ограничи увозот на околу 350.000 возила. Предвидувањата за годинава се околу 800.000 возила. Квотата ќе се зголемува во следните четири години за 6 проценти секоја година, за во 2030 година да се достигнат 417.000 возила.

Бернштајн соопшти дека по објавувањето на квотата, кинеските производители на автомобили во третото тромесечје ги забрзале испораките на возила кон Европа. „Во третиот квартал се случи скок во извозот на хибриди кон Европа, пред воведувањето на очекуваните заштитни мерки, а квотите за хибриди беа потврдени во минатиот месец,“ свои во извештајот од Бернштајн.

Европа и натаму е растечки пазар за кинеските марки, и покрај трговските пречки што се воведуваат. Извозот од Кина кон Европа порасна за 95 проценти во третото тромесечје и за 87 проценти, на 1.83 милион, во првите девет месеци од 2026 година, покажуваат податоците од кинеското здружение за патнички автомобили. Во тие податоци спаѓа и извозот на возила од производители што не потекнуваат од Кина, како што е случајот со Тесла и со Мини (БМВ).

Во првите девет месеци, во ЕУ се регистрирани за 191 проценти повеќе хибридни и приклучни хибридни автомобили од кинеските производители, односно вкупно 411.479 возила. Вкупната продажба на кинески возила, пак, се зголеми двојно на 758.527 возила.

До септември, кинеските производители постигнаа најголем раст во ЕУ со своите приклучни хибриди, со +218% и 232.563 возила. Хибридите имаа раст од 162 проценти, со 178.916 возила.

Продажбата на кинеските електрични автомобили достигна 250.912 возила, што претставува раст од 116 проценти. Барериските електрични автомобили се најпродаван вид на погон на Кинезитев о ЕУ, со удел од 33 проценти. Приклучните хибриди се втори со 31 проценти, следат обичните хибриди со 24 проценти, додека останатите 12 проценти се модели само со мотор со внатрешно согорување.

Возилата што кинеските марки ги произведуваат во ЕУ, на пример во фабриките во Унгарија и Шпанија, ќе бидат изземени од планираната квота на ЕУ за хибридни автомобили. Тоа ќе создаде притисок за помасовно локализирање на производството.

Би Уај Ди има изградено фабрика за патнички автомобили во Унгарија, додека МГ планира фабрика во Шпанија. Џили исто така ќе произведува во Шпанија, во соработка со Форд, во нивната во Валенсија.

Увозот на батериски електрични возила од Кина нема да биде опфатен со новата квота, затоа што за нив важи посебна царинска стапка, што беше воведена во октомври 2024 година. Кинеските БЕВ се оптоваруваат со царина во висина до 35,3 проценти, дополнително на редовните 10 проценти царина за увоз од земјата.

Претходна објаваГерманските производители размислуваат дали уште да произведуваат во Германија