Вечерва премиера на првиот електричен СУВ-модел на Мерцедес-АМГ

Првиот електричен СУВ што е развиен врз сопствена плафторма на Мерцедес-АМГ најавува спектакл уште пред премиерата: 3 електромотори со аксијален флукс и 1.360 КС, полнење со моќност од 600 киловати.

Вечерва на 17-ти октомври, во 18.30 часот, во музејот на Мерцедес-Бенц во Штутгарт ќе ја доживее својата премиера првиот електричен СУВ-модел на АМГ, што е развиен независно од стандардните модели на Мерцедес-Бенц. АМГ ГТ СУВ нема да биде единствената ѕвезда на настанот.

Историја и иднина вечерва ќе се спојат во местото што сведочи за 140-те години откако планетава го доби првиот автомобил, Бенц Патент-Моторваген, развиен од Карл Бенц во 1886 година. Местото секако дека е музејот на Мерцедес-Бенц во Штутгарт, којшто лани пречека рекордни 945.716 посетители.

Тука ќе ја доживее својата премиера АМГ ГТ СУВ, прв самостојно развиен СУВ со електричен погон на Мерцедес-АМГ, којшто ја дополнува понудата од електрични модели со врвни перформанси и луксуз на спортската марка на Мерцедес-Бенц Карс, по Мерцедес-АМГ ГТ Купе со 4 врати.

Заедно со автомобилот што го претставува врвот во електричниот погон во моментов, настанот ќе го прославува и врвот во развојот и во традицијата на автомобилот, Мерцедес-Бенц С-Класа. Трите примероци од С-Класа, што појдоа во јануари веднаш по премиерата на освеженото моделско годиште, на обиколка околу светот долга 50.000 километри, неодамна се вратија во Европа и ќе останат во музејот.

Околу техниката на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ е познато дека се работи за работи за платформа АМГ.ЕА, напредна и ексклузивна платформа, што меѓу другото користи иновативни електромотори со аксијален флукс, коишто се помали во споредба со обичните, но и значително посилни (до 1.360 КС вкупна моќност на трите електормотори).

Возилото поседува и 800-волтна мрежа, што овозможува батеријата да се наполни со енергија за близу 500 километри за само 10 минути. Уште една посебност е активното подвозје што е развиено за моделите на АМГ.

Прославата на 140Фестивал почнува во 17.45 часот, свеченото откривање на ГТ СУВ ќе се одржи во 18.30 часот.

Линкот до преносот во живо од вечерашната премиера

https://www.mercedes-benz.com/en/vehicles/mercedes-benz/new-amg-gt-suv-livestream/

 

Претходна објаваЧанган ја донесува Нево како своја трета марка во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here