Чанган ја донесува Нево како своја трета марка во Европа

Чанган ја лансира Нево, марка електрични возила што се наменети за семејствата. Перви во Европа стартуваат Италија и Шпанија, уште рано во 2027 година, а првиот модел Ку 05 цели точно во најпродаваниот сегмент на континентот.

Компактниот кросовер Ку 05 ќе биде првиот модел на Нево што ќе се продава во Европа.

Чанган ја додава Нево како своја трета марка во Европа, наменета главно за модели за семејно користење, со ценовна прифатливост. Тоа ќе биде важно засилување на производителот што спаѓа во водечката 4-ка од Кина, во освојувањето на европскиот пазар.

Електричниот кросовер од компакт класата Ку 05 ќе биде првиот модел на марката Нево што ќе биде достапен во Европа. Продажбата во регионот ќе ја започнат Италија и Шпанија уште рано во 2027 година, порача претседателот на Чанган, Жао Феи, од штандот на Чанган на салонот во Париз.

Нево е замисленa како марка возила што се наменети првенствено да служат како семеен превоз, со достапна цена и со широк круг на купувачи, нагласи Жао.

Тој напомена дека Ку 05 е најпродаван електричен СУВ модел од компакт класата во Кина во првото полугодие од 2026-та.

Чанган ги воведува на европскиот пазар и своите марки Дипал и Аватр. Разликата меѓу нив е во тоа што Дипал повеќе се позиционира како марка за поширокиот пазар, додека Аватр цели повеќе кон премиум сегментот.

Стратегијата да се понудат повеќе марки на пазарот во Европа го следи пристапот на останатите производители од Кина, како Чери Ауто, коишто ги имаат марките Омода, Џејку и Лепас, покрај матичната марка Чери.

Ку 05 е премиум електричен автомобил, порачува дизајнерот

Клаус Зисиора, консултант на Чанган и ценет главен дизајнер на групацијата Фолскваген во минатото, го опиша Ку 05 како премиум електричен СУВ, од којшто е „острането сé што е непотребно“.

Дизајнерот вели дека отпорот на воздух на Ку 05 изнесува 0,265

Нево Ку 05 ќе им конкурира на модели како Би Уај Ди Ато 3, Липмотор Б10 и Киа ЕВ3.

Електричниот погон на кросоверот располага со 200 киловати, односно 272 КС, додека батеријата од 63,75 кВч испорачува енергија за 450 километри според ВЛТП. На брз полнач, Нево црпи со најмногу 174 киловати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Следните модели на Нево за европскиот пазар се од средната класа

Чанган во Париз прикажа уште два модели од марката Нево: Кросовер од средната класа Ку 06 и лимузина од средната класа А 06. Производителот засега нема потврдено дали и кога планира овие модели да ги понуди во Европа.

Чанган го продава компактниот кросовер Дипал С05 на неколку европски пазари, а од средината на неделава и во Македонија, преку Еуроимпекс. Овој модел засега се нуди само во електрична изведба, а македонската компанија најави дека наскоро ќе се придружи изведбата со приклучен хибриден погон.

Поголемиот модел С07 засега исто така се нуди само како електричен модел, но во текот на годинава и тој ќе биде достапен како приклучен хибрид, најави Жао.

Од следната година, во европската понуда на Чанган ќе се приклучи Дипал ЦД55 со стандарден хибриден погон – шефот го најави моделот што ќе биде уште подостапен.

Марката Аватр ќе започне со продажба во Шпанија и Норвешка во првото тромесечје од следната година.

Чанган во првите осум месеци продаде 4.463 возила во Европа, главно од моделот Дипал С05, којшто беше избран и за македонската премиера на марката.

Планови за производство во Европа, нови работни места

Чанган преговара со заинтересирани странки за производство на возила во Европа, кажа Жао. Конечната одлука може да се очекува кон завршетокот на годинава.

Производителот цели за европскиот пазар да произведе 180.000 возила во 2028 година, со план продукцијата да се зголеми на 350.000 возила до 2030-та.

Жао соппшти дека Чанган вложил 1,2 милијарда евр во Европа, откако во 2001 година отвори центар за дизајн во Торино.

Производителот со седиште во Чунцин вработува околу 800 лица во Европа и очекува тој број во следните три години да се зголеми на 1.200 работни места.

Марка продава марка, Еуроимпекс стартува со Чанган

Претходна објаваКанада се откажува од тешки пикапи, преоѓа на електрични возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here