Трите С-Класи на Мерцедес-Бенц на големото патување преку шест континенти, се среќаваа со возачки и возачи на автомобили од марката, со заљубеници и со клубови. По десетици илјади километри, конвојот се врати на континентот од каде што започна сé.
Светските С-Класи пред неколку денови минаа низ Југоисточна Европа, со починка во Турција, Грција и Унгарија. Патот натаму ги води кон Балтикот, Скандинавија и Велика Британија. Во средината на октомври, турата ќе го заврши патувањето во Штутгарт, домот на Мерцедес-Бенц.
Патувањето долго преку 50.000 километри, преку шест континенти, започна на 29-ти јануари 2026 година, кусо по темелното моделско освежување на знаменосецот на Мерцедес-Бенц. Целта беше да се посетат 140 места, што се од историско значење, што укажуваат на пионерскиот дух и на присуството на Мерцедес-Бенц на секоја страна на светот.
Се возеше на прочуени рути, се посетуваа историски знаменитости и светски метрополи. На одредиштата, локалните организации и дилерства организираа пречек на С-Класите, со присуство на локални олдтајмери и општо сопственици на возила од марката и заљубеници во автомобилизмот. Тоа направи спрега меѓу историјата, сегашноста и иднината на марката.
Конвојот во февруари ја напушти Европа и се упати кон Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле. Потоа се возеше низ Северна Америка, следеше Азија, па Австралија и Нов Зеланд.

Се посети и Индија, но и африканскиот континент, Кенија, Намибија, Јужна Африка.
Мерцедес-Бенц го документираше ова историско патување со масивно објавување материјали на своите канали на сите друштвени мрежи.

















