Донгфенг ги испорача првите Еверленди, автомобилите станаа национална гордост на Кинезите

За случувањата на автомобилската сцена во Кина дознаваме само малку од овој крај на двојниот континент, а и тоа што доаѓа, обично се разликува целосно од тукашната претстава. Донгфенг ја стартуваше новата марка Еверленд, каде што е партнер Хуавеј.

Автомобилската групација Донгфенг има повеќе марки отколку што има споени празнични викенди земјава во 2026-та, па дури и додава постојано по уште некоја марка. Но, далеку од тоа дека се работи само за покажување сила и елан со широко портфолио од марки, од коишто само на македонскава сцена досега ги запознавме ДФСК, Фортинг, Фенгон, Воја, Еолус, Нами, и таа што предизвика досега најголема врева, М-Херо. Сите тие се значајни марки.

Еверленд е европската верзија на „преводот“ на Јиџинг, како што Донгфенг ја именуваше својата најнова марка, развиена во соработка со гигантот во потрошувачката електроника и технологија Хуавеј.

Додека на европските и другите традициолнални автомобилски моќници им е потребно да помине најмалку една година, додека од објавување нова марка преминат на продажба на авотмобили од таа марка, Донгфенг, односно Еверленд веќе почна да ги испорачува возилата од марката за којшто светот првпат слушна летоска.

Од тој настан што не бил помалку од спектакл на национално ниво и се одржа на 18-ти октомври, до тука стигна само една фотографија. Но, и од тоа што може да се разбере од 12-те редови со кинеско писмо што ги објави производителот, сосем е јасно дека автомобилите станаа новата гордост на кинеската нација.

Прво, настанот се одржал во центарот за истражување и развој на Хуавеј на езерото Сонгшан, познат и како „Воловски рог“. Центарот се состои од 8 засебно целини – познавачите на Фенгчуи и И-чинг знаат зошто токму осум – со тоа што секоја целина е дизајнирана по пример од европските градови: Верона, Виндермер, Париз, Гранада, Луксембург, Хајделберг, Бриж и Болоња.

Видео од центарот на Хуавеј каде што се одржа свеченоста за Еверленд

Свеченоста беше по повод првите испораки на првиот модел на луксузната електро и техно марка на Донгфенг, на СУВ-то од висока класа Икс 9. На истата присуствуваше Арон Квок, славна музичка ѕвезда, актер и танчар, на свои 60-години, кој е амбасадор на марката Еверленд, познат како еден од „Четирите рајски кралеви“.

Тој е воедно и сопственикот на првото испорачано возило од „неговата“ марка. Арон свечено им ги предаде клучевите со персонален потпис на првите сопственици на возилата. На настанот присуствуваше и прочениот актер Реј Луи од Хонг Конг, кој исто така ги презеде клучевите од својот Еверленд.

Производителот соопшти дека откако се почнати нарачките на 24-ти септември, пазарот покажа огромен интерес. Првите возила биле испратени кон салоните на празнувањето на Денот на нацијата. Дури 95 проценти од нарачките се за најскапите моделски изведби од СУВ-то што вреди околу 50.000 евра.

Купувачите на Икс 9 искажале желба Арон Квок лично да им ги предаде нивните возила. Затоа и беше организиран овој спектакл, околу актерската ѕвезда за којашто тука сепак знаеме малку. Некои од сопствениците имале и роденден, па на свеченоста била сечена и торта.

Завршниот збор го имаше генералниот директор на Еверленд, Женг Чинглин, кој напомена дека „Донгфенг и Хуавеј се здружени за да понудат највиусоки стандарди во поглед на квалитетот, но и врвно искуство при преземањето на возилото и понатаму при сервисирањето. Целта е да се организира сервис што трае само 15 минути, и тоа не треба да изненадува, ако се има предвид дека станува збор за електричен погон.

Голема улога има и техно-гигантот Хуавеј, којшто го сработи хардверот и софтверот за притсап до 2,8 милиони станици за полчнење во земјата, навигација до полначите, наплата, услуги од најразличен вид.

Претходно и македонскиот увозник за марките на Донгфенг, скопски АБЦ Брадер, за којшто неодамна дознавме дека им е познато име и на новите производители од Кина што доаѓаат на македонскиот пазар, ни испрати соопштение за Еверленд. Тоа би можело да значи дека по Воја и М-Херо, а во меѓувреме и БАВ, следна автомобилска марка од високата лига на Донгфенг ќе биде Еверленд. А, тоа што можеме да го посакаме плус во Аутомедиа, секако се повеќе слики и видеа од домашните спектакли на Кинезите.

M-Hero M817 · Тест · Борбен авион во низок лет

Претходна објаваКои концерни продаваат најмногу возила на европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here