Јагуар Ленд Ровер нареди рација во Би Уај Ди, продолжува спорот околу копијата на Ти7

Судот во Холандија наложи Јагуар Ленд Ровер да ги уништи документите што беа запленети во рацијата во Би Уај Ди, во спорот околу копирањето на Дефендер.

Моделот Би Уај Ди Ти7 поседува додатоци во изгледот што се обележје на Дефендер, вклучувајќи панелите во боја на каросерија место задни прозорци и впечаток на „лебдечки покрив“ што го создаваат црните столбови.

Холандски суд наложи компанијата Јагуар Ленд Ровер да ги уништи документите што нејзините извршители ги запленија при рацијата во компанијата Би Уај Ди. Судот го отрфли обвинувањето на британскиот производител на автомобили и оцени дека тоа е широкообемно, во спорот околу дизајнот на СУВ-моделот Ти7 на кинескиот производител Би Уај Ди, чијшто изглед потсеќа на Дефендер.

Извршителите што делуваат во име на Јагуар Ленд Ровер влегоа во канцелариите на компанијата Би Уај Ди во Холандија, во ескалацијата на обвинувањето од страна на Јагуар Ленд Ровер, дека Ти7 е копија на дизајнот на Дефендер.

Би Уај Ди соопшти дека заплената била прекумерен чекор и ЈЛР не навеле зошто било неопходно да се пристапи до податоците за продажбата и планирањето, во нивното обвинување дека Ти7 ги повредува авторските права на дизајнот на Дефендер.

Кинескиот производител оцеднува дека полициската акција била „фишинг експедиција“.

Окружниот суд во Хаг соопшти на 12-ти ноември дека во запленетите документи не е утврдена поврзаност со обвинувањето од ЈЛР околу авторските права. Европскиот огранок на Би Уај Ди има регистрирано седиште во Холандија.

ЈЛР побараа Судот да го отфрли аргументот на компанијата Би Уај ДИ. Но, место тоа, судот наложи документите да се уништат и да се платат судските трошоци на компанијата Би Уај Ди во износ од 25.377 евра.

Постапката околу повредата на авторските права продолжува и се очекува дека истата ќе биде ставена на разгледување подоцна во текот на месецов.

land rover defender voda
Ленд Ровер Дефендер

Би Уај Ди го лансираше Ти7 во Велика Британија и планира да ја прошири продажбата ширум Европа во 2027 година. Ценовникот на Ти7 во Британија почнува од 47.995 фунти, со што е поевтин од Дефендер за преку 20.000 фунти, во споредливата изведба со приклучен хибриден погон и во каросериска изведба 110 со пет врати.

Шефицата на Би Уај Ди за Европа, Стела Ли, во видео снимката на инстаграм од 8-ми октомври кажа дека Ти7 е „нашиот прв седумсед СУВ за Обединетото Кралство и за Европа.“

Ти7 е долг 5 метри и еден е од поуспешните модели во растечкиот сегмент на големи теренски возила во Кина, со продадени 130.884 возила во првите осум месеци. Тој изби на 8-то место на најпродаваните модели во земјата.

ЈЛР укажа на влијанието што Дефендер го одигра врз изгледот на СУВ-возилата во Кина. „Веројатно не претерувам ако кажам дека постои 100-процентна имитација на Дефендер,“ изјави комерцијалниот директор Ленард Хурник на денот за инвеститори на 19-ти јуни годинава.

Претходна објаваПежо издаде книга за легендата 205 ГТи, се спомнува и електричната