163
21 shares, 163 points

Од Славче Таневски, македонскиот дизајнер во Mercedes, заслужен за изгледот на CLA, B-Class, GLC Coupe, побаравме да издвои 10 модели од историјата на мајката на автомобилизмот, кои му оставаат најсилен впечаток со својот дизајн. Резултатот: Ова е како посета на уметничка галерија.

Македонија има една од најдиректните врски со светот на автомобилизмот, но не преку фабрика за производство на возила или снабдување со технологија што ќе остане сокриена далеку од погледите, туку лична и персонална, и на најочигледниот можен начин. На салонот во Женева во март годинава, целата автомобилска сцена го гледаше македонскиот дизајнер во Mercedes, Славче Таневски, додека тој го претставуваше своето најново дело, CLA Shooting Brake.

(На носечката слика е Mercedes CLA Coupe, со дизајн на Славче Таневски, деновиве на први тест-возења од највлијателните автомобилски медиуми, во Баварија, Германија)

Нема поголема сатисфакција од таа, кога млад човек родум од нашите краишта ќе се појави на една од најважните сцени во автомобилската сфера, покрај Др. Дитер Цече, Ола Келениус или Брита Зегер, како личности од управувачкиот врв – на Mercedes и Daimler, тоа сепак дава дополнителна тежина на целата оваа „приказна“.

Славче Таневски (втор од десно) на премиерата на Mercedes CLA Shooting Brake во Женева
New photo by Automedia MK / Google Photos

Таневски работи токму на моделските серии што се издвојуваат на уште повисоко ниво со својот дизајн и привлекуваат како дизајнерска авангарда. Купе-теренецот Mercedes GLC Coupe, купе-лимузината CLA или стилското комби CLA Shooting Brake, сите тие моделски серии се издвојуваат од „стандардните“ GLC или A-Class, токму со екстра дозата дизајн.

На убавината не може да ѝ се додели некоја теорема, или да се пресмета некој коефициент

Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars

Како конзументи на автомобилскиот дизајн, нашата редакција го замоли Славче да избере и издвои 10 модели со најдобар дизајн во историјата на Mercedes, ценејќи дека тоа ќе биде рутински чин за македонскиот дизајнер. „Што е добар дизајн? Тоа е исто како да прашувате некој да Ви објасни што е тоа љубов. Некогаш е работа на математика (пропорции), некогаш интуиција, чувство од стомак? Убави спомени? Тоа се субјективни мерила, кои според моето искуство, сепак може (барем до одреден степен) да се универзализираат и интернационализираат. Но, на убавината не може да ѝ се додели некоја теорема, или да се пресмета некој коефициент.“

Директорот за дизајн во Daimler AG, Горден Вагенер: „CLA Coupe има потенцијал за модерна дизајнерска икона“

Погрешно е мислењето дека дизајнерите се искажуваат единствено преку потезите што ги повлекуваат на цртачките табли. Тоа сепак се уметници на животот и на се’ околу гледаат од позиција на „connoisseur“. Славче објаснува зошто одредени дизајни оставаат посебен и траен впечаток: „Сепак постојат некои форми и пропорции, на кои човечкото око со текот на еволуцијата се навикнало и ги прифаќа како атрактивни. На пример, женското тело или златниот пресек. Обично највпечатлива и најбезвременска е некоја едноставна форма која може да ја опишете со што е можно помалку линии. Површини кои се чисти и мускулести ја имаат природната привлечност, но и геометриските и покомплексни сублимати од форми можат да делуваат привлечно и да покажат отпор кон стареење.“

LIVE GIMS 2019 | Mercedes-Benz CLA 250 4MATIC Shooting Brake

LIVE | It's finally time to take a closer look at the gorgeous, yet practical, Mercedes-Benz CLA 250 4MATIC Shooting Brake with Designer Slavche Tanevski! #GIMSSWISS #MBGIMS19Learn more here: http://mb4.me/gims-2019_fbk[Mercedes-Benz CLA 250 4MATIC Shooting Brake | Kraftstoffverbrauch kombiniert: 6,5-6,2 l/100 km | CO2-Emissionen kombiniert: 149-143 g/km | http://mb4.me/RechtlicherHinweis/]

Posted by Mercedes-Benz on Tuesday, March 5, 2019

Формите, линиите, облините, за дизајнерите од ковот на Таневски како да претставуваат истото што нотите се за музичките композитори: „Состојки кои ние дизајнерите ги користиме во зависност од тоа дали сакаме да претставиме елеганција, авторитет, статус, фокус, агресивност, моќ итн … “

Разговорите со македонскиот дизајнер секогаш ни се развлекуваат. Во меѓувреме дебитира моделското освежување на првиот сериски автомобил креиран од Таневски, GLC Coupe. До премиерата на следниот модел на Mercedes, а веројатно и до првата пригода во меѓувреме, Славче нé почестува сите со неговиот избор на Топ 10 дизајни на Mercedes. Ние само ќе додадеме: Исто како да посетуваш уметничка галерија… Изборот на фотографиите, исто така е од дизајнерот.

Топ 10 дизајни на сите времиња на Mercedes во избор на Славче Таневски, македонски дизајнер во Mercedes- Benz Cars

 

10-то место · Mercedes 190E (W201), 1982 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

9-то место · Mercedes G 63 AMG 6×6 (W463), 2013 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

8-мо место · Mercedes 450 SEL (W116), 1975 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

7-мо место · Mercedes SSK Trossi (W06), 1930 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

6-то место · Mercedes SL (R129), 1989 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

5-то место · Mercedes CLS (C219), 2004 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

4-то место · Mercedes 560 SEC AMG Wide Body (C126), 1989 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

3-то место · Mercedes 280 SE Coupe/Cabriolet (W111), 1969 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

2-ро место · Mercedes 540 K Special Roadster (W29), 1939 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

1-во место · Mercedes 300 SL Gullwing (W198), 1954 година

New photo by Automedia MK / Google Photos

Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA

Уште еден дизајн на Славче Таневски стартува со производство

Интервју со Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars: „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“

Лимузинскиот Mercedes A-Class пристигна во Мак Аутостар

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *