Рено ќе вложи 10 милијарди евра за да произведува евтини електрични автомобили во Франција

Групацијата Рено ќе вложи преку 10 милијарди евра во Франција во следните пет години за да произведува електрични возила и подостапни модели, најави извршниот директор Франсоа Прово.

Рено 4 и Твинго, два нови електрични модели, во салонот на Рено во Скопје

„Во последните пет години вложивме 13 милијарди евра во Франција, за целосно да го трасформираме нашиот индустриски отпечаток во насока на електричниот погон, а во следните пет години, доколку тоа го дозволат социјалните и политичките услови, ќе вложиме уште преку 10 милијарди евра за да продолжиме во насока на електромобилноста и автомобилите да ги направиме подостапни,“ изјави Прово во интервју за радио Франс Интер.

Политичката клима во Франција е сé помалку предвидлива, со само седум месеци до изборите што ќе стават завршеток на деценијата на владеење на претседателот Емануел Макрон.

Неодамнешото истражување покажа дека во априлските избори ќе се решава во вториот круг гласање, меѓу крајно десничарската кандидатка Мари Ле Пен и крајно левичарскиот радикал Жан Лук Меленшон.

Прово кажа дека движењата на пазарот се „загрижувачки“ за Рено, поради тоа што Франција учествува со 20 проценти во бизнисот на групацијата и со 40 проценти во нејзината работна сила.

„Навистина верувавме во Франција и ќе продолжиме да веруваме во Франција, “ изјави тој. „Какво било сценарио за немири во Франција ќе има големо влијание врз Рено, големо влијание врз нашите вработени и големо влијание врз нашите добавувачи, така што навистина сум загрижен.“

Елекричните автомобили достигнаа рекорден удел од 42 проценти во бројот на новорегистрирани автомобили во Франција во септември. Побарувачката се раздвижи дополнително поради поскапувањето на горивата откако САД го нападнаа Иран.

„Реалноста е таква што денес во Франција произведуваме, во француски фабрики, повеќе возила од кога било досега. Во 2025, во Франција произведовме 500.000 возила. Во 2026 ќе произведеме најмалку 25 проценти повеќе, благодарение на зголемената побарувачка за електрични возила,“ кажа Прово.

Видеото од тестот на електричното Рено 5 во Аутомедиа

Претходна објава„Рејнџ Роверот од Тему“ пак е најпродаван автомобил во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here