Кинески електрични автомобили ќе се составуваат во Бугарија: Ора 5 од Ловеч

Грејт Вол ја нуди Ора 5 на европскиот пазар со електричен, хибриден и чисто бензиски погон, но не откри која погонска изведба ќе се монтира во бугарската фабрика.

Кинески Грејт Вол Мотор, познат на македонскиот пазар по пикапите со погон на автогас и копијата на Тојота Јарис, најави монтажа на својот компактен СУВ-модел Ора 5 во Бугарија, откако е потпишан договор со локален партнер. Тоа ќе им овозможи на Кинезите да воспостават производствена база во Европа и да се вратат на пазарот.

Новата фабрика ќе располага со капацитет за монтажа на 50.000 возила годишно, а планот е производството да започне уште во првото тромесечје од следната година, соопшти Грејт Вол Мотор на 27-ми октомври.

Грејт Вол во минатото користеше локална монтажа на возила во Бугарија, во соработка со Литекс Мотор, во периодот од 2012 до 2016 година. Во фабриката се составуваа возила од готови китови што пристигнуваа од Кина. Меѓу тие модели се Ховер Х5 и Х6, како и пикапот Стид 5.

Соработката тогаш заврши откако Грејт Вол не успеа да изгради финансиски одржлив бизнис во Европа и откако Литекс Моторс западна во тешка финансиска криза.

Големите кинески производители, од рангот на Би Уај Ди, САИЦ и Чери се во трка да обезбедат фабрики за производство во Европа, пред ЕУ да ги изгласа предложените барања за „Произведено во Европа“ и со тоа да се заштити од можни трговски бариери, откако ЕУ воведе царини за електричните автомобили што се увезуваат од Кина.

Електричните возила на Грејт Вол што се увезуваат од Кина подлежат на заштитна царина во висина од 20,7 проценти, покрај стандардните 10 проценти што важат за сите увезени автомобили од земјата.

„Не сакаме само да продаваме автомобили во Европа; Ние сакаме да станеме дел од Европа,“ изјави директорката за техника на Грејт Вол, Никол Ву.

Кинескиот производител има намера до 2029 да достигне монтажа на 300.000 возила на годишно ниво, изјави за Ројтерс виш менаџер на компанијата лани. „Плановите за понатамну е групацијата да интегрира индустриски паркови во Европа за возила и компоненти,“ стои понатаму во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Грејт Вол ја нуди Ора 5 во Европа во изведби со електричен, хибриден и чисто бензиски погон, но не откри која погонска изведба ќе се монтира во бугарската фабрика.

Враќањето на Грејт Вол на европскиот пазар предвидува најмалку 10 нови модели и варијанти во следните две години, заедно со проширување на понудата од електрични модели. Компанијата во 2021 година отвори центар за развој и истражвуање во Минхен.

Додека кинеските соперници постигнаа огромен раст во продажбата во Европа, Грејт Вол не успеа да го следи нивниот напредок. Во минатата година, продажбата во Европа се сведе на околу 3.500 возила, со пад од 30 проценти во споредба со претходната година. Во првите девет месеци од годинава, 2.335 возила, што укажува на натамошен пад.

Компанијата се надева на пазарен удел од 3 до 5 проценти во Едвропа до 2030 година.

Грејт Вол Џолион во онлајн-каталогот со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Haval Jolion 1.5 T Comfort

Претходна објаваСега и Ферари ќе лета, но различно од циркусот на Тесла