Купра ја качува продажбата на електрични модели, планот за 2027 е над 100.000 Равали

Зголемената побарувачка за електрични возила во Европа се погоди со почетокот на продажбата на Купра Равал. Тоа звучи како одлична вест, но реално ја погодува профитабилноста на марката.

Престижната изведба на Купра Равал, развиена во соработка со тјунерот АБТ, имаше забележана премиера на салонот во Париз

Купра собра 51.000 нарачки за достапната електрична комбилимузина Равал и планира в година да продаде преку 100.000 возила, изјави шефот за продажба на Сеат и Купра, Свен Шувирт, за време на салонот во Париз. Со тоа, Равал ќе прерасне во најпродавана марка на Купра во Европа.

Електричните автомобили годинава учествуваат со 80 проценти во примените нарачки за Купра во Франција, посочи Шувирт. Освен Равал, шпанската спортска марка ги продава уште компактната комбилимузина Борн и СУВ-то од компакт класата Таваскан со електричен погон. Извршниот директор на Сеат и Купра, Маркус Хаупт, кажа дека преку 70 проценти од нарачките во Германија, којашто е најголем пазар на Купра, се за целосно електричните модели.

Овој ненадеен раст не се однесува само на Купра. Продажбата општо на електрiчните автомобили во Европа порасна 42 проценти и достигна 2,54 милиони возила до септември. Овој вид погон учествува со 24 проценти во вкупната продажба.

Во истиот период лани, уделот на ЕВ беше само 18 проценти. Главната причина за скокот во продажбата на батериските електрични возила се поскапите горива, откако САД го нападнаа Иран и предизвикаа криза на Средниот Исток.

Директорите очекуваат дека во следните месеци ќе продолжи да расте бројот на нарачки за електричните модели.

На одредени пазари, како Холандија, ЕВ ја сочинуваат речиси целата продажба на Купра, наведува Хаупт. За Купра е уште поважно тоа што засилен број нарачки доаѓа од најголемите пазари, како Франција и Германија. Наспроти 25 проценти во почетокот на годината, електричните автомобили денес сочинуваат околу 70 проценти од вкупниот број на нарачки за моделите на Купра во Германија.

Големиот интерес за најсилната и најпрестижна верзија на Купра Равал го одржува профитот

Оваа пресвртница сепак претставува финансиски товар, затоа што на електричните автомобили се заработува помалку отколку на моделите со обичен погон, посочи Хаупт. На Купра ѝ користи тоа што повеќе се бара поскапата варијанта на Равал, што е развиена во соработка со традиционалната тјунерска работилница Абт, посочи Шувирт. Оваа верзија, што чини 36.770 евра, учествува со една третина во нарачките за Равал во Германија.

Зголемената побарувачка за ЕВ не предизвикала тесно грло во снабдувањето со батерии, открива Хаупт. Батериите за Купра доаѓаат од специјализраниот огранок на концернот Фолксваген, Пауер Ко.

Повеќе се проблем земјите што не го следат бумот на електричните автомобили, како Полска и Шпанија. „Мораме да соработуваме со владите и организациите за да ја подобриме инфрастуктурата и да ги смалиме трошоците за енергија,“ кажа Хаупт.

Побрзото преоѓање кон електрични возила може да биде пресудно за иднината на марката Сеат, чијшто модели концернот Фолксваген реши да не ги електрифицира. Хаупт кажа дека уште не е решено конечно. Доколку Европската Унија остане на барањето по 2035 година да се продаваат само возила со нулта емисија, неизвесно е дали купувачите уште ќе бидат заинтересирани да купат автомобил со мотор со внатрешно согорување во 2031 или 2032 година, кажува Хаупт. „Доколку тие кажат не, тогаш треба да имаме електричен Сеат, но во моментов немаме паритет, така што нема смисла денес да се нуди целосно електричен Сеат,“ објаснува директорот.

Дури и во случај да се откаже марката Сеат, фабриката на компанијата во Марторел, близу Барцелона, им обезбедена иднина, според Хаупт. Вклучувањето во производство на возила што користат друга платформа во Марторел ќе биде корисно и за Сеат и за концернот.

Планот засега е Сеат в годоина да понуди изведби со благ хибриден погон од Ибица и Арона, но понатаму нема да се продолжува со електрификацијата.

Купра Терамар во онлајн-каталогот со сите нови автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Cupra Terramar 1.5 eTSI DSG 150

Претходна објаваОд фабриката на Фолксваген во Полска излегува по еден Крафтер на секои 163 секунди