Галилео ќе ги штити роботските возила од хакерски напад

Галилео сателитска навигација

Хакерските напади ќе претставуваат голема опасност за роботските автомобили. Европскиот систем за сателитска навигација Галилео ќе ја исклучи можноста од напад, како прв систем што ќе бара најава на корисниците.

Роботските автомобили се лесна мета за хакерите. Бидејќи досегашните системи за сателтиска навигација не користат шифриран сигнал, хакерите можат да испраќаат лажни податоци за позицијата на роботските возила. Овој безбедносен пропуст ќе биде надминат кај европскиот систем за сателитска навигација Галилео. Корисниците ќе треба прво да се логираат, пред да пристапат до приемникот во возилото.

Галилео ќе биде целосно оперативен во 2020 година, производителите на автомобили ја одобруваат идејата со логирањето

Галилео е пуштен уште во 2017 година, но уште не е комплетиран. Моментно се оперативни 22, планирани се 26 сателити. Покрај Галилео, постојат уште три глобални системи за сателитска навигација, кои го сочинуваат GNSS. Тоа се познатиот GPS, рускиот Glonass и кинескиот Beidou. За Европа е важно да располага со сопствен систем.

GPS и рускиот Glonass се под контрола на војската и имаат предност од дваесетина години. Чипови за прием на Галилео се вградени во 700 милиони електронски уреди, во најголем дел мобилни телефони. Лоцирањето е со прецизност меѓу еден метар и 1,20 метар, што е исто колку кај останатите сателитски системи.

Сателитската навигација во иднина може да се користи и за наплата на патарина, со што отпаѓа потребата од станици или посебни уреди во возилата.

Европскиот систем нема да им конкурира на останатите, затоа што постоечките уреди за сателитска навигација се предвидени да примаат сигнали од сите системи.

Европа го доби првиот сопствен систем за сателитска навигација

Навигација и за скутерите на Kymco

Користењето навигација исклучува дел од мозокот

Претходна објаваТоп 10 Најдобри дизајни на Mercedes во избор на Славче Таневски
Следна објаваЕлектро-соларен Sono од старата фабрика на Saab

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here