за

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно

mitsubishi eclipse cross stranicna

Доколку во историјата на Mitsubishi постои автомобил што соединува најмногу моделски легенди под логото со трите дијаманти, тогаш Eclipse Cross е тој автомобил. Тука работат гени на Pajero, Lancer Evo, на Eclipse исто така. Не е случајно, Eclipse Cross. Моделот веќе започна со продажба на македонскиот пазар.

Како што најави увозникот Мак Аутостар, новиот кросовер на Mitsubishi веќе започнува со продажба на македонскиот пазар. Eclipse Cross го пополнува просторот меѓу компактниот ASX и крстосувачот Outlander. Истата платформа ја сочинува техничката основа за сите три модели и за тоа нема што да се забележи.

Понудата од погонски единици ја сочинуваат комплетно нов бензинец од 1,5 литар, со турбонатполнење и директно впрскување, задолжително со куќната технологија MiVEC, како и познатиот 2,2-литарски дизел, оригинален по тоа што располага со варијабилна работа на брегастите вратила.

Mitsubishi Eclipse Cross vozenje AB10

Новиот бензинец располага со 163 КС и 250 њутнметри. Освен со мануелен шестстепен менувач, Eclipse Cross 1.5 се испорачува и во „лежерна“ погонска варијанта со безстепен менувач CVT. Коректен потег е тоа што овој мотор може да се комбинира и со погон на сите тркала, иако таа е достапна само со менувач CVT и во двете највисоки нивоа на опрема. Моделската изведба со дизел мотор се испорачува исклучиво со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала, исто така во највисоките нивоа на опрема Intense+ и Instyle.

Како стилско купе, Eclipse Cross со опремата и изработката е поблиску до Outlander отколку до ASX

Основниот модел, со 1,5-литарец со 163 КС и ниво на опрема Invite, чини 23.980 евра. Нивото на опрема е поблиску до Outlander, соодветно на повисокото позиционирање на Eclipse Cross, како купе-кросовер со впечатлив дизајн и моќни мотори. Алу-бандажи од 18 инчи, автоматска клима и камера за рикверц се вклучени уште во основниот пакет Invite, исто како и темпомат, пристап без клуч, магленки, автоматско соборување на долго светло и сензор за дожд. Стандардно следуваат и систем за самостојно запирање при опасност од судир, како и предупредување при напуштање лента.

Mitsubishi Eclipse Cross vozenje AB9

Едно ниво на опрема погоре е Intense, коешто чини 2.500 евра над основното и дополнително доаѓа со двозонска автоматска клима, понапредно озвучување, ретровизори со електрично собирање, дополнителна звучна и УВ-изолација на прозорските стакла, потпирач за рака напред, но и проекциски дисплеј, сензорско поле за ракување, паркинг сензори напред и назад, како и неколку стилски надградби во надворешноста и во кабината.

Принцип се’ во едно: Повисоките нивоа на опрема одат заедно со погон на сите тркала и автоматски или CVT-менувач

Двете највисоки нивоа на опрема, Intense+ и Instyle, достапни се исклучиво во комбинација со погонот на сите тркала S-AWC, со менувач CVT во бензинската, односно со осумстепен автоматик во дизел погонската варијанта. Тоа што следува дополнително во Intense+ е предупредување при возило во мртов агол и помош при престројување, грејачи во предните седишта, преглед во 360 степени околу возилото и слични ставки.

Mitsubishi Eclipse Cross vozenje AB11

Најсилниот адут на Mitsubishi Eclipse Cross сепак е дизајнот, кој се издвојува во унифицираноста во целиот сегмент на СУВ-возила, па дури меѓу купе-изведбите кои повторно следат ист шаблон. Како модел што ја дели платформата со Outlander, кабината нуди просторност и напред и назад, со можност задната клупа да се поместува надолжно за дваесетина сантиметри.

Технички податоци · MITSUBISHI ECLIPSE CROSS 1.5 T-MIVEC 2WD
  • Мотор / Работна зафатнина: 4 цилиндри во линија, турбо / 1499 cm3
  • Менувач: 6-степен, мануелен
  • Моќност 163 КС при 5500/min
  • Вртежен момент 250 Nm при 1800-4500/min
  • Крајна брзина: 205 km/h
  • 0–100 km/h: 10,3 s
  • Потрошувачка (NEDC, просек): 6,6 l S/100 km
  • Емисија на CO2: 151 g/km

Mitsubishi Eclipse Cross vozenje AB15

 

Цена на основниот модел Mitsubishi Eclipse Cross 1.5 T-MiVEC 2WD Invite:
  • 23.980 евра
Цени на споредливите моделски изведби на конкуренцијата:
  • Ford Kuga 1.5 EcoBoost Trend (150 КС) 25.600 евра
  • Kia Sportage 1.6 T-GDi (177 КС) Advance 24.550 евра
  • Opel Grandland X 1.2 Turbo (130 КС) Innovation 28.277 евра
  • Peugeot 3008 1.2 PureTech Allure (130 КС) 28.400 евра
  • Skoda Karoq 1.5 TSI Style (150 КС) 23.210 евра

Mitsubishi Eclipse Cross со 80.000 продажби за една година

Најсветскиот модел на Mitsubishi: Нов L200 стартува во 150 земји

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes CLA pocetok proizvodstvo

Уште еден дизајн на Славче Таневски стартува со производство

ford capri mk2

За 50-годишниот јубилеј на Ford Capri: Втора генерација (1974 – 1977)