Водород се точи како гориво на 369 станици во светот

Станица за точење водород

Светската мрежа од станици за точење водород лани пораснала за 48 нови локации. Тоа е безначајна бројка во светски рамки, но

Во светот лани се отвориле 48 нови станици за точење водород, кои се достапни јавно. Јапонија располага со најголема мрежа, со вкупно 96 станици за водород, втора е Германија со 60, додека третото место им припаѓа на САД, со 42 станици. Возилата што користат водород како погонско гориво се исклучително ретки и обично се дел од возниот парк на големи компании. Пумпите за водород на станиците во основа се користат слично како пумпите за автогас или метан.

Постојано се инвестира во погонската техника со горивни ќелии, кадешто се користи водород како гориво. Експертите предвидуваат дека во среден рок, возилата со погон на водород ќе бидат застапени исто колку „батериските“ возила. Во двата случаи станува збор за електричен погон, со таа разлика што водородните автомобили ја користат хемиската реакција на водородот во горивните ќелии, при којашто се произведува струја за погонскиот електромотор, додека кај класичните електрични возила, електромоторот ја користи енергијата во батеријата.

Моќни компании создаваат европски коридор за водород од исток до запад и од север до југ

Германија планира отворање на уште 38 станици, со коишто ќе се зајакне јадрото на европскиот коридор за водород, кој треба да ги поврзува западот со истокот и северот со југот. Во светски рамки, Јапонија лани отворила девет нови станици, Калифорнија шест. Конкретни најави за изградба на нови станици има во Холандија (17 планирани станици за водород), Франција (12), Канада (7), Јужна Кореја (27) и Кина (18). Покрај патнички автомобили, овие станици ќе ги користат и товарни возила и автобуси.

https://photos.app.goo.gl/1UMEhm7jvFEUarGo7

Масивната енергија што е потребна за електролизата обично се добива од обновливи извори. На Исланд, на пример, се користи геотермална енергија, додека на шкотските острови Оркни служат плимата и осеката. Во уште неколку проекти се користат ветерни турбини.

Во Европа моментно работат 152 станици за водород, во Азија 136, во Северна Америка 78 станици. Од вкупно 369 локации во светски рамки, 273 се достапни јавно, додека останатите се поставени најчесто во индустриски кругови или се достапни само за затворени групи корисници.

И тој е двокатен, но користи водород како погонско гориво

Германски министер вози Mercedes со погон на водород

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

Van Hool ќе испорача 40 автобуси на водород во Германија

Претходна објаваRange Rover Sport доби електричен компресор и 48-волтна мрежа
Следна објаваSkoda во јануари испорачала над 100.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here