за

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

Mercedes GLC F-Cell

Испорачани се првите примероци од Mercedes GLC F-Cell, единствениот автомобил со погон на водород, кој поседува и батерии што може да се полнат и на обичен домашен приклучок за струја

Неколку избрани клиенти ги добија првите примероци од Mercedes GLC F-Cell со што и официјално започнува продажбата на единствениот автомобил во светот, кој има погон со горивни ќелии што „согоруваат“ водород, но може да се вози и на батерии. Станува збор за технологија што е супериорна во поглед на „батериските“ автомобили, но до нејзината помасовна примена ќе мине уште долго време. Проблемот е во непостоењето инфраструктура од станици за точење водород, но и непостоењето на индустриско производство на водород, коешто ќе обезбеди големи количини и ниски цени.

Mercedes GLC F-Cell 7am#

Корисници на водородниот GLC се неколку германски министерства на сојузно и покраинско ниво, Националната Организација за Водород, H2 Mobility и Германската Железница. До крајот на годинава ќе бидат услужени и фирмите Air Liquide, Shell, Linde AG, како и градските власти на Штутгарт и Хамбург. Од следната пролет, други приватни и деловни корисници ќе можат да склучуваат договор до Mercedes за изнајмување на GLC F-Cell. Висината на месечната рата не се објавува, но може да се стекне претстава за категоријата на цени, бидејќи комплетното сервисирање и евентуалните поправки се вклучени во ратата.

Покрај тоа што користи водород како погонско гориво, посебноста на овој теренец е во тоа што поседува и литиум-јон батерија, како секој плагин-хибрид. Оваа батерија може да се полни со приклучување на најобичен ѕиден „штекер“ или на моќен полнач. Идејата е енергијата во батеријата да се користи кога ќе се потроши водородот во резервоарот, и обратно, да се вози на водород, кога ќе се исцрпи енергијата во батеријата. За електрoмоторот со моќност од 155 киловати, односно 204 КС е сеедно од каде пристига струјата – дали од горивната ќелија или од батеријата.

Полнењето на резервоарите со 4,4 килограми водород трае само три минути – со тоа се вози до 430 километри

Предноста на водородот е тоа што со само 4,4 килограми во резервоарот со технологија за вселенски брод може да се минат 430 километри, брзо, тивко и без грам штетен издув. Но, сето тоа е бескорисно, додека „погонското гориво“ може да се точи на само неколку стотини пумпи низ светот, од кои повеќето се за интерна употреба. Двата резервоара во подот на GLC се под притисок од 700 бари и заштитени се со сложена карбонска обвивка.

Mercedes GLC F-Cell 3am#

Потрошувачката на водород изнесува околу 1 килограм на 100 километри. Батеријата, пак, може да испорачува енергија за 51 километар, независно од погонот на водород. Техничарите на Mercedes успеаја да ги здружат двата различни „резервоара“ – слично како кај автомобил што користи уред за автогас или метан.

Возачот може да избира меѓу четири режими на погон за Mercedes GLC F-Cell:

HYBRID: Возилото користи енергија од двата извора. Батеријата се вклучува при екстремно оптоварување, додека горивната ќелија работи во подрачјето со оптимална ефикасност.

F-CELL: Енергијата од горивната ќелија ја одржува наполнетоста на батеријата на константно ниво. За погонот се користи само водородот. Овој режим одговара за долги патувања.

BATTERY: Електромоторот на GLC F-CELL ја користи само енергијата на батеријата. Горивните ќелии се неактивни. Овој режим одговара за куси тури.

CHARGE: Погонската спрега има приоритет да ја наполни батеријата, на пример пред резервоарот за водород да се наполни до крај. Со полна батерија се добиваат и екстра 51 километри досег.

Во сите четири модуси функционира повратокот на енергијата при забавување или сопирање, и истата се користи за полнење на батеријата.

Неколку моќни компании веќе работат на изградба на мрежа од станици за водород. Овие станици во почетокот ќе се поставуваат во густо населените подрачја. Германските градови Штутгарт, Диселдорф, Берлин, Хамбург, Франкфурт, Минхен и Келн веќе располагаат со неколку станици за водород. Мрежата од 50 станици, до крајот на следната година ќе се удвои. Следниот чекор се 400 станици, само во Германија. Слични проекти веќе се одвиваат и во уште неколку европски држави, исто како и во САД и Јапонија.

[FAG id=35997]

Водителот на емисијата „Grip“ зад воланот на водородниот GLC

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell

Тринаесет светски компании во поддршка на водородот како нов глобален енергенс

Седумтонски камион со хибриден погон троши 11,8 литри

Mercedes EQC: Германците уште еднаш го измислија автомобилот

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места

Станиците за водород поевтини од полначите за струја?

Honda го донесе најнапредниот автомобил со водороден погон во Европа

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Frank Sinatra's 1984 Rolls-Royce Corniche Convertible

Ролс-Ројсот на Синатра продаден за 140.000 фунти

Париз забрана дизел

Париз ќе забрани сообраќај за дизели постари од 2001 година