Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места

водородниот погон, Toyota Mirai

Преѓањето на водородниот погон бара масовно инвестирање, но светот веќе вложува огромни средства и во нафтата и гасот – преку 650 милијарди долари секоја година. Предностите на водородниот погон се премногу примамливи.

Водородниот погон има носечка улога во енергетската пресвртница. Покрај тоа што придонесува за смалување на емисијата на СО2, погонот на иднината ќе отвори преку 30 милиони нови работни места до 2050 година. Годишниот промет ќе надминува 2,1 милијарди евра. Тоа е заклучокот на студијата на Советот за водород, во чијшто состав влегуваат и неколку производители на возила.

Во 2050 година, водородот може да покрива една петина од потребата од енергија. Годишната емисија на СО2 ќе се смали за шест гигатони. На тој начин водородот ќе одигра значајна улога во ограничувањето на глобалното загревање за максимално два степени Целсиусови.

Потенцијал за 15 милиони патнички автомобили со водородниот погон до 2050 година

Само во подрачјето на транспортот се гледа потенцијал за десет до 15 милиони патнички автомобили и половина милион товарни возила коишто би користеле водород како погонско гориво. Тој може да се користи и во индустриски процеси, во производството на топлинска и електрична енергија.

Водородот може да се користи за акумулирање и транспорт на соларна енергија, енергија добиена од ветрот и други видови енергија од обновливи извори, со цел да се обезбеди погон за возилата и разни постројки Такеши Учијамада, шеф на Toyota

Масивни инвестиции се неопходни за постигнувањето на амбициозната цел. Но, светот веќе одамна инвестира огромни суми и во останатите видови енергија. На глобално ниво, во енергетиката моментно се инвестираат 1,7 трилијарда американски долари годишно, од кои 650 милијарди во нафта и гас, 300 милијарди за обновлива енергија и преку 300 милијарди за автомобилската индустрија.

Советот за водород предвидува во водородот годишно да се инвестираат 20 до 25 милијарди долари, што до 2030 година би достигнало вкупно 280 милијарди долари. Според експертите, колку порано почне инвестирањето, толку порано ќе почне и користењето на придобивките од водородниот погон.

Покрај Toyota, во Советот членуваат и Audi, BMW, Daimler, General Motors, Honda, Hyundai и Kawasaki, како и енергетските компании Air Liquide, Alstom, AngloAmerican, Engie, Shell, Statoil, Linde и Total.

Претходна објаваДо 2030 година само 10% пораст во потрошувачката на нафта
Следна објаваНови безбедносни стандарди во возилата од 2018 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here