Камион на Toyota вози на водород во Лос Анџелес

Водородниот погон не е новитет кај предводникот во погонската технологија во браншата. Toyota вгради два блока горивни ќелии од Toyota Mirai во 36-тонски камион, кој во следниот период ќе се тестира во секојдневни услови во служба на пристаништето во Лос Анџелес.

Хибридниот погон дефинитивно се откачи од атрибутот „алтернативен“ и фигурира како нормален избор, покрај бензинските или дизел моторите. Револуцијата зачната од Toyota вроди плод. Сега е на ред водородот, погонот со горивни ќелии е новиот „хибриден погон“ во браншата. По Prius и првиот големосериски автомобил со погон на водород Mirai, следува и камион на Toyota, којшто користи водород како погонско гориво. Претходно, во Јапонија почна да вози и автобус со погонот на иднината.

Toyota Fuel-Cell Truck

Летово во пристаништето во Лос Анџелес ќе започне проектот чијашто цел е да докаже дали водородниот погон може да се користи и во тешкиот транспорт на стоки – со нулта емисија на штетни материи. Од издувот на овој камион излегува само чиста пареа. Горивните ќелии се основа на најсовршената погонска технологија со којашто располага автоиндустријата, со врвна ефикасност, секојдневна применливост иста како кај возилата со конвенционален погон, со апсолутно чист издув. Главниот проблем е истиот како кај електричниот, или поточно батерискиот погон – недостигот од развиена инфраструктура. Следен предизвик е неопходноста од масовно индустриско производство на водородот, коешто ќе ја сведе цената на електролизата на достапно или барем разумно ниво.

Toyota Fuel-Cell Truck

Камионот со водороден погон, којшто е основата на „Project Portal“, располага со моќност од преку 670 КС и вртежен момент од 1.800 њутнметри. Оваа моќност ја испорачуваат два погонски блока горивни ќелии од лимузината Mirai, во комбинација со батерија со капацитет од 12 kWh. Вкупната дозволена тежина на овој влекач изнесува 36 тони, додека со едно полнење на резервоарите може да се извозат околу 320 километри.

https://www.facebook.com/Automedia.mk/videos/1530284817023459/

На „Project Portal“ му претходеше склучување соработка меѓу Toyota и Shell, чијашто цел е зголемување на бројот од станици за точење водород во Калифорнија.

Претходна објаваSkoda Karoq: Наследникот на Yeti со премиера во мај
Следна објаваПрвиот техничар на Daimler: „За десет години ќе има електрични автомобили за 10.000 евра“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here