за

Дизајнот на сајбер-пикапот ги урна акциите на Tesla за шест проценти

tesla cyber truck pretstavuvanje

Околу дизајнот на пикапот на Tesla има крајно спротивставени мислења. Акционерите во калифорниската компанија сепак се повеќе едногласни дека Cyber Truck не им се допаѓа. Поради падот на вредноста на акциите, само Илон Маск изгуби 770 милиони долари.

Велат дека скршеното стакло носи среќа, но Илон Маск сега знае дека тоа е само празноверие. Шефот на Tesla во четвртокот го претстави најновиот модел, крајно радикално дизајнираниот и соодветно именуван Cyber Truck.

Камионетот е полн со суперлативи. Во најскапата изведба со три електромотори, батеријата издржува 800 километри, а спринтот до темпо сто трае околу три секунди. Најголемата гордост на контроверзниот техно-милијардер е издржливоста, цврстината на пикапот. За публиката да се увери во тоа, главниот дизајнер Франц фон Холцхаузен прво удри со токмак во челичната каросерија, којашто остана неоштетена. Веднаш потоа, дизајнерот со челична кугла удри во блиндираното странично стакло, по што истото се распрсна.

Како голем акционер во Tesla, Илон Маск изгуби 769 милиони долари поради падот на вредноста на акциите за околу 6 проценти, веднаш по претставувањето на сајбер-пикапот

Нешто не функционираше како на пробите. Тоа сигурно ќе се реши додека стартува сериското производство кон крајот на 2021 година, но има друг, многу поголем проблем. Берзата воопшто не реагираше одушевено од пикапот на Tesla. Вредноста на акциите падна за околу шест проценти. Како голем акционер во компанијата, Маск само за еден ден изгуби 768 милиони долари. Тоа сепак не е проблем за техно-мултимилијардерот, кој според Forbes тежи 23,6 милијарди долари.

Многу е повисока цената на неуспехот. Наспроти утката со пикапот, Tesla Model 3 успешно стартуваше со производство во Кина, а веќе се подготвува и „теренот“ за новата фабрика во Берлин, за Гигафабрика бр. 4.

Илон Маск уште не успева да направи обичен автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Zetta електричен автомобил Русија

Првата руска кола на струја пристига в година

Седум милиони електрични возила се регистрирани во светот

Седум милиони електрични возила се регистрирани во светот