Русија ќе стартува со сериско производство на електричен автомобил во почетокот на следната година. Цената е исклучително ниска, но недостигаат уште многу детали околу градскиот автомобил што беше најавен уште пред неколку години.
Производството на градскиот автомобил од марката Zetta се очекува да започне во првото тромесечје од следната година. Тоа го соопшти рускиот министер за индустрија Денис Мантуров, кој воедно ја објави и информацијата од производителот, дека машините моментно се во фаза на добивање сертификат за почеток со работа. Zetta ќе биде првиот електричен автомобил од Русија, што се произведува во серија.
Малечкиот автомобил со големина на smart и каросерија со три врати ќе постигнува брзина до 120 километри на час. Уште недостигаат конкретни податоци околу досегот и батериската техника.
Според руските дневници, цената на градското мини на струја во основната изедба ќе изнесува 450.000 рубљи, односно околу 6.400 евра.
Електричните автомобили се застапени слабо во Русија. Медиумите проценуваат дека моментно во земјата возат неколку илјади електрични автомобили. Според експертите, бројот на овие возила нема да се смени значително во следните години.
Електричното мини на Great Wall во Кина чини под 10.000 евра
















