за

Tesla Model 3 најпродаван автомобил во Швајцарија во март

Tesla Model 3

Швајцарскиот автомобилски пазар не е меѓу најголемите, но затоа напредува одлично во електромобилноста. Tesla Model 3 во март беше најпродаван автомобил во алпската држава, оставајќи ги зад себе Octavia и Golf.

Во минатиот месец во Швајцарија се продадоа двапати повеќе примероци од електричната лимузина Tesla Model 3 отколку од традиционалниот лидер Volkswagen Golf. Поточно, калифорнискиот хит-модел постигна 1.095 продажби во март, додека од Golf се регистрирани 546 нови примероци. Дури и лидерот во првите три месеци, Skoda Octavia, со 801 примероци во март е под Model 3.

Првпат во историјата, електричен автомобил избива на првото место во продажбата во Швајцарија. По првите три месеци од годинава, електричниот ривал на Mercedes C-Class или Audi A4 е четврти најпродаван модел, со 1.371 примероци, иако автомобилот стартуваше со продажба дури кон крајот на февруари. Tesla Model 3 придонесе американската марка до март да има продадено повеќе автомобили отколку во цела 2018 година.

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Тоа што на пазарот засега се достапни само поскапите моделски изведби од електричната лимузина не го попречува премногу успехот на Tesla Model 3 на швајцарскиот пазар, со далеку повисока купувачка моќ од просекот со Европа. Илјадници примероци од електромобилот веќе се возат и во Норвешка, Холандија и Германија.

Стартуваат нарачките за Tesla Model 3 во Европа

Tesla со камери против гребатори на автомобили

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Tesla Model Y: Револуцијата заврши, новите модели се рутина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина автомобилски пазар

Кина десет месеци во минус: Продажбата во март опадна за 12%

volkswagen литиум

Volkswagen се обезбеди со литиум за следните 10 години