Tesla со камери против гребатори на автомобили

Tesla камера гребење

Tesla смисли дополнителна корист од камерите што ги користи автопилотот. Кога возилото е паркирано, овие камери снимаат при секое сомнително движење околу. Две снимки на јутјуб покажуваат како една госпоѓа ја гребе каросеријата на Tesla Model 3 со клуч. На првата снимка се гледа како госпоѓата со клучот во едната рака го оштетува лакот на електричниот автомобил зад себе, додека со другата рака ја отвора вратата на своето возило.

На второто видео се забележува уште еден дрзок чин на истата госпоѓа, кога таа приоѓајќи меѓу двете возила исто така ја гребе каросеријата на Model 3. Примерот е снимен во САД, каде што често се регистрираат случаи предизвикани од завист кон електричните автомобили, особено кон скапите модели на Tesla.

Гребење на лакот, блокирање на пристапот до полначите за струја … американските возачи и возачки не се најпријателски настроени кон електромобилите

Блокирањето на пристапот до полначите за струја, кога пред нив ќе се паркира автомобил со обичен погон, исто така е начин на којшто некои американски возачи и возачки искажуваат револт кон електромобилите.

Сопственикот на оштетената Tesla од снимките ја известил полицијата, којашто врз основа на доказите ја пронашло сторителката на вандалската постапка. Како што пишуваат американските медиуми, против госпоѓата веќе е поднесена и тужба.

Автомобилите на Tesla имаат заштита и при пробивање на стаклата. Во тој случај се вклучува алармот, дисплејот свети најсилно и аудиосистемот се пушта на најгласно. Сопственикот добива исвестување на телефонот, а снимките може да се префрлат на УСБ. Овој систем може да се вчита и отпосле, на сите примероци од Model 3, S и X, коишто се произведени по август 2017 година.

Возачи на пикапи блокираат полначи на Tesla

Калифорнија против плановите на Трамп да ја извалка автоиндустријата

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето

Зомби камиони со стари дизели возат непречено во САД

Претходна објаваMercedes E-Class започна со производство во Москва
Следна објаваИдната Ford Puma ќе биде СУВ и ќе вози како благ хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here