Во фабрика во близина на Москва започна производството на Mercedes E-Class, а наскоро следат неколку СУВ-модели. Mercedes е најпродавана премиум марка во Русија и за десетина години продажбата се зголеми повеќе од двојно.
Mercedes започна со производство на E-Class во новата фабрика Московија за локалниот пазар. Наскоро ќе следат и неколку СУВ-модели. Во фабриката се инвестирани 250 милиони евра, а работниот персонал опфаќа повеќе од 1.000 лица. Станува збор за најнапредната производствена технологија, наречена Индустрија 4.0, којашто се одликува со врвна флексибилност, роботизиран транспорт и грижа за животната средина.
https://photos.app.goo.gl/cVB4Zey1yEYN1Gag8
На свеченото отворање присуствуваше и Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. За помалку од две години стартуваше производството во фабриката на 40 километри северозападно од Москва, на површина од 85 хектари. Компанијата Mercedes-Benz Manufacturing RUS (MBMR) е дел од производствената мрежа од преку 30 локации ширум светот.
Mercedes од 2013 година наваму е најпродавана марка од премиум сегментот во Русија. За десетина години, продажбата забележа повеќе од двојно зголемување.
Освеженото годиште на Mercedes C-Class стартува од 33.990 евра
Пред 20 години во Женева: Луксузното купе од Mercedes S-Class
Mitsubishi Eclipse Cross прогласен за најдобар нов модел во Русија
Opel во Русија, Peugeot во Северна Америка, Citroen во Индија
















