Жителите на германскиот пристанишен град може да имаат чудна средба деновиве. По улиците на Хамбург се движи Golf со уреди на покривот кои прво потсеќаат на вселенски брод. Тоа што луѓето не го знаат: Овој автомобил нема потреба од возач.
По улиците на Хамбург деновиве почна да вози Volkswagen Golf, кој е тешко да остане незабележан по „вселенската“ техника на покривот. Тоа е техниката што овозможува автомобилот да управува сам, без потреба од возач. Зад воланот уште седи човек во тест-возилото, но неговата задача е само да ја надгледува работата на тениката и по потреба да интервенира. Освен на покривот, сензорска техника е вградена и во крилата, напред и назад во возилото – тоа вклучува ласери, радари, камери, техника за ултразвук. Секако дека и погонот е чисто на струја, ова е Volkswagen e-Golf.
Golf сам запира на црвено светло, благодарение на напредната техника на V2I, односно т.н. комуникација на возило со инфрастуктура
Техничарите се шегуваат дека овој e-Golf гледа десет секунди во иднината. Неговата техника предвидува разни сценарија, за таа да биде подготвена да реагира навреме и правилно. Условите на патот се проверуваат повеќе пати во седна секунда.
Од тоа што Volkswagen го покажува на видеото, техниката работи мошне убедливо. „Мала“ помош доаѓа од тоа што податоците за патот што се вози моментно веќе се вчитани во роботскиот Golf, откако тие биле претходно регистрирани и снимени со друго возило. Под податоци се мисли на секоја обележана лента, на секој рабник. Покрај тоа, возилото комуницира и со семафорите, барем со оние што се опремени со посебна техника.
Автоматското возење подразбира и самостојно паркирање во катна гаража
Иако техниката напредуваше значително, роботските автомобили уште не може да се пуштат по патиштата. Претстои тестирање во ситуации, како самостојно паркирање во катна гаража или автоматско следење лента на автопат.
Браншата ветува дека роботските автомобили ќе заштедуваат време и простор, но ќе ја подобрат и безбедноста. Според статистиката, девет од десет незгоди се предизвикани од човечки фактор, односно од грешка на возачот или останатите учесници во сообраќајот.
Петте степени на автономното возење:
I степен: Асистирано возење, на пример автоматски одржување растојание (радарски темпомат)
II степен: Полуавтоматизирано возење, на пример комбинација од радарски темпомат и следење лента
III степен: Високоавтоматизирано возење (во развој), на пример пилот за застој
IV степен: Целосноавтоматизирано возење (во развој, на пример пилот за паркирање во катна гаража
V степен: Автономно возење (во развој), на пример транспорт без потреба од возач