Четвртиот модел во понудата ќе му обезбеди влез во милионерското друштво на калифорнискиот електро-специјалист. Но, ова е првпат модел на Tesla да има конкуренција уште пред да стартува неговата продажба.
Моделите на Tesla секогаш беа први во своите сегменти. Tesla Roadster направи револуција во електричниот погон, во поглед на брзината, досегот, и секако имиџот. Model S го понуди погонот на струја во лимузина од вишата класа, потоа следеше Model X, кој го направи истото во сегментот на големите СУВ-модели. Пристигањето на Model 3 се оддолжи, а уште подолго време беше потребно за да се постигне планираната продукција, но со овој модел, светот сепак доби подостапна варијанта на електричниот погон во автомобил од Tesla, во класата на Audi A4 или Mercedes C-Class.
Со премиерата на четвртиот модел, Tesla ќе се впише и во клубот на милионерите – со годишна продукција од преку еден милион возила. Шефот Илон Маск очекува дека од Tesla Model Y ќе се продадат повеќе примероци отколку од постоечките Model S, X и 3 заедно. Но, новиот модел се соочува со пречка што досега не постоеше за калифорнискиот производител. Во класата на Tesla Model Y веќе постојат неколку СУВ-модели со погон на струја. Audi e-tron и Jaguar I-Pace веќе се возат по патиштата, a наскоро ќе им се придружат и Mercedes EQC и BMW iX3
Цената на Tesla Model Y не е спектакуларно ниска, но е под e-tron или I-Pace
Цената за основната изведба на Model Y ќе изнесува 39.000 долари, но ќе мине уште некое време додека оваа изведба биде достапна. Поскапата изведба со продолжен досег ќе се нуди на европскиот пазар по цена од 55.000 евра. Верзијата со погон на сите тркала ќе чини екстра 4.000 евра, додека за топ-моделот со врвни перформанси ќе бидат потребни 67.000 евра. Audi e-tron почнува малку под 70.000 евра, а од десетина илјади евра плус стартува и англискиот кросовер на струја.
Изведбата на Model Y со поголема батерија ќе достигнува досег до 540 километри, односно 170 километри повеќе од основниот модел. Европската конкуренција не може да се спротивстави на овој предизвик: E-tron вози до 417 километри со едно полнење, Mercedes 450 километри, додека најмногу ветува Jaguar со 480 километри.
Спринтот е дисциплина во којашто владејат автомобилите на Tesla
СУВ-моделот од средната класа, според најавите од Илон Маск ќе спринтува до сто за околу шест секунди во основната изведба, односно за помалку од четири секунди во најмоќната изведба. Европските конкуренти повторно заостануваат: Jaguar i-Pace (4,8 s), Mercedes EQC (5,1 s), Audi E-Tron (5,7 s). Спринтот останува дисциплина во којашто Тesla е неприкосновен.
Во Model Y ќе биде достапен и трет ред седишта. Повторно триумф за американскиот електромобил. Со соборени седишта и вклучувајќи го просторот во „frunk“, како што се нарекува предниот багажник, новиот модел на Tesla нуди вкупно 1840 литри товарен простор.
Вообичаено, прво ќе бидат достапни најскапите изведби. Испораките ќе стартуваат наесен во 2020, додека за основната изведба ќе треба да се почека до пролетта 2021.
Кога ознаките на моделите на Tesla ќе се спојат во еден збор се добива…
Reminder to buy our S3XY cars before midnight on Monday! Prices rise slightly worldwide on Tuesday. You can order online at https://t.co/46TXqRrsdr.
— Elon Musk (@elonmusk) March 16, 2019
Што следи кога ќе се спојат ознаките на моделите на Tesla?
Како вози автопилотот на Tesla при снег на патот
Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai
Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?