за

Брзо како струја: Volkswagen веќе со 250K возила со електромотор

Брзо како струја: Volkswagen веќе со 250K возила со електромотор
Брзо како струја: Volkswagen веќе со 250K возила со електромотор

Празнично и пред влезот во следната декада, во којашто главното внимание ќе биде насочено кон ID.3 и компанија, марката Volkswagen соопштува дека го испорачала 250.000-от автомобил со електормотор во погонот. Секако, е-Golf.

Производителите точно знаат да ги темпираат јубилеите. Во време кога марката го насочува целото внимание кон електричниот ID.3, кој во следната декада постепено ќе се изедначува во продажбата со „класичниот“ Golf 8, Volkswagen го испорача 250.000-от автомобил што користи електромотор во погонската спрега, вклучувајќи ги и плагин-хибридите.

Марката Volkswagen во средината на декември го испорача јубилејниот примерок од комплексот што е создаден за тоа, од Аутоштат, односно од „Автомобилскиот град“. Патот до ова важно достигнување почна со претставувањето на електричната изведба e-up во 2013 година. Веќе во следната година пристигнаа електричниот e-Golf и плагин-хибридниот Golf GTE. Со истата динамика, во 2015 година следеше плагин-хибридниот Passat GTE во лимузинската и во комби изведбата Variant.

Целосно електричните возила, како што е нашето ново ID-семејство, се одговорот на важните предизвици на нашето време. Затоа, следните 250.000 електрифицирани возила ќе ги продадеме во значително покуса временска рамка.
Јирген Штакман, директор за продажба, маркетинг и постпродажба

Голем придонес во достигнувањето на четвртината милион дадоа моделите Passat и Tiguan, кои од 2018 година се продаваат во плагин-хибридна изведба во Кина, најголемиот автомобилски и е-автомобилски пазар во светот. Годинава, понудата таму ја дополнија и „батериските“ верзии на Bora и Lavida.

Со полна батерија на Volkswagen Passat GTE, со плагин-хибридната изведба на класичарот, растојанието од педесетина километри од Велес до Скопје на нашиот тест го минавме со погон само на струја; Автопатот во добар дел е по надолнина кон Скопје, таму се дополнуваше батеријата во текот на самото возење

Титулата на најпродаван модел со електрифициран погон секако дека му припаѓа на e-Golf со 104.000 испораки, пред Golf GTE (51.000), Passat Variant GTE (42.000) и пред пионерскиот електромодел e-up! (21.000). Приближно половина од купувачите се решиле за плагин-хибрид, половина за чисто електричен погон.

Нема изненадувања во главните пазари за електричните модели на Volkswagen: Кина, па Норвешка

Славеничкиот e-Golf е во чиста бела боја, погодена за настанот. Сопственичката Сандра Флајшер (втора од лево на носечката фотографија) го презеде своето возило во Автомобилскиот Град во Волфсбург. Годинава марката Volkswagen испорача повеќе од 70.000 возила со електрифициран погон, што е дваесет илјади возила повеќе од лани. Главните пазари се Кина, Норвешка, Германија, САД и Велика Британија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ретроспектива автомобилска 2019 година

Каква ни беше автомобилската 2019 година?

Kia XCeed освои титула на автомобил на 2020 година во Полска

Kia XCeed освои титула на автомобил на 2020 година во Полска