Кросоверот Kia XCeed е автомобил на 2020 година во Полска. Така гласаше жирито составено од повеќе од 20 искусни новинари во земјата, кои професионално објавуваат на тема автомобилизам и тестираат нови модели на автомобили.
Полска го доби својот автомобил за 2020 година. Во почетокот на ноември, полското жири избра пет од вкупно 50 нови модели што пристигнале на пазарот во претходните 12 месеци. Завршните тестирања на автомобилската петорка во финалето се одвиваа на патеката за тестирање во сопственост на Автомобилскиот Клуб на Полска во Бемово, предградие на Варшава. Стручни и искусни автомобилски новинари ги оценуваа возилата во вообичаените категории: Функционалност, безбедност, возни својства, ергономија, опрема, противвредност, технологија и дизајн.
Професионалните новинари од областа на автомобилизмот во Полска ја избраа Kia XCeed за најдобар автомобилски новитет што стартувал со продажба во земјата во текот на претходните 12 месеци. Кросоверот со впечатлив стил доби најмногу бодови од жирито и ја понесе титулата на Автомобил на 2020 година во Полска.
https://photos.app.goo.gl/1JXa4HRpb3AQiWLt6
Начинот на гласање е мошне прегледен. Вкупно 22 новинари имаат фонд од по 20 бодови, при што на најдобриот модел му се доделуваат максимални 10 бодови, додека преостанатите бодови се распределуваат на најмалку три модели. По доделувањето на вкупно 440 бодови што им стоеја на располагање, полските автомобилисти гласаа вака:
1. Kia XCeed · 116 бодови
2. Hyundai Kona Electric/Hybrid · 98 бодови
3. Peugeot 208 · 93 бодови
4. Toyota Corolla · 79 бодови
5. Skoda Scala · 54 бодови
https://www.instagram.com/p/B5YvpB3HnC8/
















