за

Од фабриката на Tesla во Кина излегоа првите автомобили

Tesla започна со испорака на автомобилите од новата гигафабрика во Шангај. Изградбата започна во јануари, за неполна година подоцна од новиот производствен капацитет во Кина да излезат првите автомобили од редовно сериско производство.

За помалку од една година откако започнаа градежните работи, американскиот електро-специјалист Tesla веќе ги испорача првите возила што се произведени во новата фабрика во Шангај. На денешаната свеченост, првите 15 примероци од Model 3 од локално производство им беа предадени на менаџерите во фабриката на Tesla во Кина.

Изградбата на новата „гигафабрика“ заврши во рекордно време. Моделите од домашна продукција се ослободени од високите увозни царини во Кина, со што значително се смалува нивната продажна цена на најголемиот автомобилски пазар во светот. Со предвиденото проширување на капацитетот, годишната продукција на фабриката во Кина ќе достигне половина милион електрични возила. Продукцијата во почетокот е во многу поскромни рамки.

Проблемите со високата загаденост на воздухот во кинеските метрополи се надминати уште одамна

Кинеските власти масивно вложуваат во електричниот погон, преку субвенционирање на продажбата, исто како и на продукцијата на самите возила. Денес земјата е најголем пазар за електрични автомобили во светот. Според статистиката за 2018 година, во Народната Република првпат беа продадени повеќе од еден милион хибридни и електрични возила во период од една година. Во последниот период, пазарот сепак бележи мал пад, првпат по цели две децении.

Посебен е механизмот што ја поттикнува продажбата на електрични автомобили во големите градови. Регистерски таблици за автомобили со обичен погон со бензински мотор се добиваат преку државна лотарија, а до нив може да се дојде и по пат на наддавање, при што се достигнуваат астрономски суми.

Чекањето регистерска таблица може да трае со години, додека електричните автомобили може да се регистрираат многу побрзо. Во градовите како Пекинг, постои забрана за сообраќај во еден ден од неделата, при што електричните автомобили се ослободени од таа забрана. Tesla дополнително профитира и од тоа што Model 3 во Кина се ослободува од данокот на промет во висина од десет проценти.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Tesla моментно е во преговори околу почетокот на изградбата на „гигафабрика“ во Германија, во близина на Берлин. Планот е фабриката да започне со производство на СУВ-моделот Tesla Y во 2021 година. Почетокот на изградбата на новите погони на површина од околу 300 хектари се очекува да започне уште во првото полугодие од 2020 година.

Tesla го постави својот 500-ти суперполнач во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia XCeed освои титула на автомобил на 2020 година во Полска

Kia XCeed освои титула на автомобил на 2020 година во Полска

луксембург бесплатен јавен превоз

Луксембург со бесплатен градски превоз од пролет