за

Фолксваген Голф Осмиот: Дигитално место Дизел

Volkswagen Golf VIII
Volkswagen Golf VIII

Volkswagen Golf е во осмата генерација. Работите се сменети многу. Додека светската премиера на бестселерот порано предизвикуваше општо внимание, Golf денес мора да се бори за популарност. Соперникот му е ID.3, електричниот модел на Volkswagen кој има иста големина и намена како Golf, но вози на струја. Волфбург верува дека ID.3 ќе постигне решавачко влијание за масовниот пробив на електричниот погон. Меѓутоа, Golf пак е во предност. „Електро-голфот“ прв имаше премиера на ИАА во Франкфурт, во минатиот месец, но ќе се најде во салоните дури во втората половина на 2020 година. Класичарот, пак, се појавува дури сега, меѓутоа ќе започне да се продава уште годинава, и тоа во голем број.

Стилот е ист, димензиите одвај се променети. Така е со генерации наназад и нема причина нешто да се менува сега. Силуетата изгледа малку повеќе издолжено и пониска отколку кај претходникот, а коефициентот на отпор на воздух изнесува 0,28. Тркалезниот преден дел е нагласен со тенка комбинација од светла и маска, којашто изгледа речиси футуристички. Тука сé изгледа пристојно, нема големи отвори за воздух напред што ќе сугерираат агресивност и бруталност.

Детал по пример од спортските купеа се ретровизорите што се одвоени од каросеријата. На ниво на уметност се доведени фугите, тенки и навидум како отпосле да се нацртани. Вниманието кај опашот го привлекува долната лајсна со финиш на хром, со отвори отстрана, кои само имитираат издувни цевки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

По традиција, промените се поголеми во внатрешноста. Во Golf повеќе не се вградуваат аналогни инструменти. Уште основната изведба ќе поседува дигитален дисплеј во целосна големина пред возачот. Со доплата се вградува кокпит Innovision, со уште повеќе функции – во основа, тоа е принципот на MBUX кај Mercedes.

Фановите на техниката ќе се радуваат во Golf. Приказот во дигиталните инструменти може да се разместува, а место копчиња и ротациски бирачи има дигитални лизгачки регулатори. На тоа се надоврзуваат говорни команди и проекциски дисплеј со сите потребни информации.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Прашање е како клиентите ќе реагираат на изобилството од функции. Тие денес се добиваат и на мобилен телефон, кој може да се постави во пристапна положба во кокпитот и да се користат апликациите. Проблем е единствено тоа што телефонот не може да се полни во таа позиција. Добрата музика во кабината повеќе не доаѓа од Dynaudio, туку од американската марка Harman/Kardon.

Нормално е дека арсеналот од системи за асистенција веќе има научено да го „надгледува“ возачот и по потреба сам да интервенира во критични ситуации. Волфсбург сака и клучот да стане вишок и во возилото да се пристапува само преку мобилниот телефон. Преку „We Connect Plus“ може преку телефонот оддалеку да се ракува со многубројни функции. На располагање стои и прочуената „Alexa“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Пријкатно изненадување е тоа што барем кај менувачот уште постои мануелна опција. Volkswagen всушност разви нов шестстепен менувач, со намалени отпори, што се рефлектира врз потрошувачката на гориво. По желба или како стандард со помоќните мотори, следи седумстепен менувач со двојна спојка. Volkswagen за овој менувач дури препорачува „рикверцот“ да се вклучи уште додека возилото се движи нанапред, заради покомотно паркирање.

Разновидно е во понудата од мотори: Бензин, дизел, хибрид, метан. Почнува со трицилиндарскиот 1.0 TSI со 90 и 110 КС, потоа е 1.5 TSI со 130 и 150 КС, кои стандардно поседуваат систем за исклучување на дел од цилиндрите при ниско оптоварување. Како опција се нуди благ хибрид под работен напон од 48 волти. Со таканаречен систем Twin-Dosing, дволитарските дизели се мошне чисти – со моќност од 115 или 150 КС. Моторот од 1,6 литар повеќе не се нуди.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во иднина ќе следи и GTD со 200 КС, заедно со легендата GTI со 240 КС, додека врвот ќе му припадне на Golf R со повеќе од 330 КС. На тоа се надоврзуваат плагин-хибриди со 204 или 245 КС. Метанот добива нова шанса, во Golf TGI. Одделни моделски изведби ќе бидат достапни и со погон на сите тркака.

За подвозјето може да се доплати за електронска регулација на амортизацијата. Светлата стандардно користат диодна техника, вклучувајќи и нивна понапредна варијанта.

Информации за цените, сериската и дополнителната опрема, како и техничките податоци ги очекуваме во следните денови.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda Jazz 2020

Honda Jazz на салонот во Токио: Во овој автомобил сé е како песна

Ford ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември

Ford ќе претстави електро-СУВ во стил на Mustang во ноември