Во полската престолнина Варшава од следниот месец ќе се изнајмуваат електрични возила од јавно достапен возен парк. Петстотини примероци од BMW i3 ќе може да се изнајмат директно на улица. Во градот се поставуваат и нови станици со полначи.
Голем возен парк што е достапен за локално користење, популарниот „car-sharing“, од следниот месец започнува да функционира во главниот полски град Варшава. Локалната подружница на компанијата Innogy стартува со најголемиот јавно достапен возен парк во земјата. Жителите на Варшава ќе имаат на располагање вкупно 500 примероци од BMW i3, со погон на струја.

Компанијата Innogy моментно оперира со триесетина станици за полнење во полската престолнина. Од почетокот на април, во градот ќе почнат да работат уште 30 нови станици, наменети меѓу другото и за петстоте електрични возила што пристигаат во градот.
Моментно во Варшава постојат 1.500 возила за јавно користење, се очекува удвојување во следните две години
Услугата можат да ја користат и приватни лица, но и службеници или туристи. Моментно во градот постојат дури 1.500 возила, кои може да се лоцираат со мобилна апликација, да се отклучат и да се користат во времетраење од неколку минути до неколку часови или цел ден. Innogy очекува дека возниот парк во следните две години ќе се удвои, првенствено со електрични возила. Паралелно ќе се поставуваат и повеќе стотици јавно достапни станици за полнење.
Car2go достигна 3,3 милиони корисници низ светот
Еден милион корисници на car2go во Северна Америка
На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go
car2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица
















