Алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi ги менува одговорностите по заминувањето на Карлос Гон. Главната измена е во тоа што првиот човек на Mitsubishi во иднина ќе има посилен збор во алијансата.
Автомобилското тројство меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi доби нова раководствена структура по средбата на шефовите во седиштето на Nissan Јокохама. Чекорот беше неопходен откако поранешниот прв човек на алијансата, Карлос Гон, се наоѓа во притвор, поради сомневање за извршени берзански малверзации и финансиски проневери.
Тоа го најавија новиот претседател на Renault, Жан Доминик Сенард, генералниот директор на Renault, Тиери Болоре, како и шефот на Nissan, Хирото Саикава и шефот на Mitsubishi Motors, Осаму Масуко.
Оперативен совет ќе биде врвната раководствена структура во алијансата Renault Nissan Mitsubishi
Со алијансата во иднина ќе раководи „оперативен совет“, на чијшто врв ќе се наоѓа претседателот Сенард. Сите одлуки ќе се носат во консензус со трите останати членови на советот, односно претседателите на управните одбори на трите марки. Шефот на Mitsubishi, Масуко, на тој начин ќе добие поголемо влијание во алијансата. Од друга страна, менаџментот на Renault ја задржува доминацијата.
Советот ќе се состанува еднаш месечно во Париз или во Токио. Планирано е да се формираат оперативни комитети, кои ќе претставуваат детални анализи на одредени теми. Промените се донесуваат главно благодарение на Nissan, кој бараше поголемо влијание и рамноправност на одделните партнери.
Renault поседува 43,4 проценти од акциите на Nissan, додека јапонскиот производител учествува со 15 проценти во акциите на Французите, но нема право на глас.
Mitsubishi го прикажува идниот Outlander во Женева?
Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно
Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС
Renault Clio ќе биде најпродаваната премиера од Женева