за

Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС

Nissan Micra N-Sport

Додека францускиот партнер Renault претставува комплетно нова генерација на Clio, Јапонците реагираат со два нови мотора во гамата на Nissan Micra. Посилниот располага со 117 КС и поседува напредна технологија. Има и специјална серија со спортски нагласок

Nissan Micra е автомобилот што претрпувал најголеми промени преоѓајќи од една генерација во друга. Во 1980-те години, првата Micra имаше статус на малечок јапонски автомобил што беше невозможно да се уништи. Во следната декада, со неа (проверено) можеше да се извози релација од Скопје до Будимпешта без пауза, со 75 КС и „dohc“ под хаубата, и да не се почувствува замор од патот. Третата генерација беше концептен автомобил во реалниот свет, додека за четвртата, само малкумина можат да потврдат дека навистина постоела… Петтата, конечно на место.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дефинитивно, автомобил што остава впечаток. Nissan Micra сега доби два нови мотори. Едниот е 1.0 IG-T со 100 КС, комплетно нов и во замена за 0,9-литарецот со 90 КС, додека вториот е DIG-T со 117 КС, исто така со зафатнина од еден литар, но сосем различен од првиот. Во двата случаи станува збор за трицилиндарци со турбонатполнење.

Третиот новитет е нивото на опрема N-Sport, со спортски нагласок на надворешниот дизајн и во кабината. Во гамата на Micra остануваат атмосферскиот еднолитарец со 71 КС и 1,5-литарскиот дизел со 90 КС, кој пристига од францускиот партнер Renault.

Моќност зголемена за 10 КС, потрошувачка намалена за 0,6 литар

Верзијата со 100 КС располага со петстепен мануелен менувач, и покрај тоа што е 10 КС посилна од претходничката, испорачува и вртежен момент од 160 њутнметри (+20 Nm) при 2750 вртежи. Потрошувачката на гориво е смалена за 0,6 литар, односно според фабрика изнесува 4,5 1/100 km во просек.

Јапонската марка ветува поубедливо повлекување уште од старт, како и подобрена еластичност. Покрај тоа, новиот еднолитарец е во преедност и во поглед на NVH-карактеристиките, односно во бучавоста, вибрациите и култивираноста. Иако има поголема работна зафатнина, IG-T е полесен од претходникот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Главниот адут на овој мотор е во технологијата што пристига од суперспорсткиот GT-R. Станува збор за слој од челик што се нанесува директно на површината на цилиндрите преку постапка на прскање, место да користи класична цилиндерска кошулка. Тоа овозможува моторот да е покомпактен, а со тоа и полесен, но најважното, драстично се смалува триењето меѓу клипните прстени и површината на цилиндрите. Истата технологија се користи и кај 1,3-литарецот, кој моментно се вградува каде што е можно во партнерството меѓу Daimler и Renault-Nissan-Mitsubishi, од A-Class до Dacia Duster. Вклучувајќи го Nissan Qashqai, секако.

Додавањето на опцијата за безстепен менувач е важно за Nissan, процените се дека една третина од продажбата на Nissan Micra во 2020 година ќе отпаѓа на моделски изведби со Xtronic

Како опција се нуди безстепен менувач Xtronic, првпат по стартот на актуелната генерација на Micra во 2016 година. Nissan очекува дека една третина од продажбата на Micra во 2020 година ќе отпаѓа на моделски изведби со безстепен менувач. Вртежниот момент е намален на 144 Nm, потрошувачката во оваа моделска изведба расте на 4,9 литри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Додека моќноста претходно завршуваше со 90 КС, сега вредноста се поместува на 117 КС. Толку постигнува вториот нов еднолитарец со ознака DIG-T, во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Моторот е сосем различен од IG-T и развиен е заеднички со Daimler, како смалена варијанта на 1,33-литарецот од A-Class.

Со бројките, Nissan не е на врвот, но тоа што дава посебен белег се технологиите што му се достапни на јапонскиот производител

Вртежниот момент во овој случај изнесува 180 Nm при 1750 вртежи, а краткотрајно се испорачуваат уште 20 Nm, што е добредојдено при престигнување. Спринтот до темпо сто трае 10,9 секунди, што е една секунда покусо отколку со моторот со 100 КС. Просечната потрошувачка изнесува пет литри на сто километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Верзиите на Micra со овој мотор поседуваат и подвозје спуштено за 10 mm, како и покрута амортизација и подиректен преносен однос во управувањето. Моторот DIG-T е достапен од нивото на опрема Acenta нагоре. Дополнително следуваат бандажи од 17 инчи и хромиран завршеток на издувната цевка.

На технологиите од IG-T им се придружуваат централен инјектор и впрскување на горивото под притисок од 250 бари, варијабилна работа на вшмукувачките и издувните вентили, како и филтер за честички, кој е задолжителен кај сите бензинци со директно впрскување.

N-Sport е втора специјална серија од актуелната генерација по N-Bose

Nissan Micra N-Sport практично е специјална серија на овој модел, којашто ќе се нуди само годинава и го нагласува спортскиот дизајн, како и темпераментот во возењето, во стил на Ford Fiesta ST Line, VW Polo R-Line или Seat Ibiza FR. Спортскиот модел е достапен со сите мотори, освен со основниот со 71 КС.

Најголемото изненадување ќе биде Nissan да понуди изведба на Micra со погонот e-Power, кој буквално е хит на јапонскиот пазар. Моторот практично работи како генератор и го снабдува електромоторот со енергија. Во комбинацијата влегува и релативно малечка батерија. Вакви погонски решенија веќе не се револиционерни, но тоа што го прави e-Power посебен е ниската потрошувачка на струја. Јапонците не би погрешиле, Nissan Note е најпродаван автомобил во земјата лани, меѓу другото поради верзијата e-Power. Тоа не менува многу. Но, Nissan го има и Leaf.

https://youtu.be/HNqDO29NpYQ

Nissan го сели X-Trail од Англија во Јапонија

Најпродаваниот автомобил во Норвешка вози на струја: Nissan Leaf

Снегот е само зимски украс за оваа лимузина на Nissan

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Vision iV Zeneva koncept

Skoda најавува електричен концепт Vision iV за Женева

mercedes arocs чистење снег пат шведска

Снегот сам се трга од патот покрај изгледот на овој камион