за

Skoda најавува електричен концепт Vision iV за Женева

Skoda Vision iV Zeneva koncept

Концернот Volkswagen ги подготвува сите свои марки за офанзивата со електрични модели. Skoda Superb веќе годинава ќе почне да вози како плагин-хибрид, но претходно ќе има уште еден специјалитет – концепт Vision iV, со згоден изглед и сигурна иднина во сериското производство

Чешката марка повторно го користи салонот во Женева за ново поглавје од серијата концептни автомобили Vision. На салонот покрај Лак Леман ќе доживее премиера концепт на кросовер-купе со нагласена спортска нота – и со електричен погон. Skoda Vision iV сосем извесно ќе доживее сериска варијанта, користејќи ја заедничката модуларна платформа за електрични возила на концернот, со ознака MEB. Тоа е истата платформа со којашто наскоро ќе стартува Volkswagen ID Neo, „електричниот голф на новото време“.

Емоциите во дизајнот, кои Skoda ги спомнува во првата објава за Vision iV, се однесуваат на заводливото присуство на облини во каросериската форма, наспроти претходните концепти, кадешто владееше принципот на остро како жилет. Бандажи од 22 инчи се стандард за концепт што треба да го привлече сето внимание на публиката. Отсуствуваат рачки во вратите, исто како и класични ретровизори. Овие подрачја исто така се зафатени од електрификација и дигитализација, односно работата ја преземаат електромотори и камери.

Торнадо линија, камери во форма на перка на ајкула, впуштени рачки на вратите

Како препознатлив белег на дизајнот на Skoda останува таканаречената торнадо-линија, односно беспрекорно правиот и остро стилизиран раб по целата должина на каросеријата. Во поглед на маската, чешките дизајнери очигледно не се инспирираат од гигантизмот, како кај BMW или сестринскиот Audi. Повторно има свежа комбинација на светлата, кои се тенки и долги, со „додаток“ во краевите, кадешто веројатно ќе светкаат трепкачите.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ваквата димензиска присебност на маската и светлата оди во корист на големите отвори за воздух, долу во браникот, кои симулираат присуство на погонска машина со голема потреба од воздух – иако во Skoda Vision iV работи електричен погон, кој нема потреба од „толку многу“ воздух.

Црвени диоди ги осветлуваат изрезите со буквите Skoda

Голема свежина во дизајнот внесува изгледот на опашот, кадешто доминираат чисти и едноставни форми во корист на аеродинамичноста на каросеријата, место предимензионирани светла. Се забележува дека формата на светлата ја следи шемата во форма на потковица, што е стандард кај актуелните модели на Skoda. Долгата светлечка лента веднаш над дифузорот ја нагласува ширината на каросеријата. Црвените диоди кои го осветлуваат името Skoda во задниот капак го заокружуваат стилскиот настап на електричниот кросовер.

Skoda на салонот ќе го потврди пристигањето на својот прв модел со плагин-хибриден погон, Superb PHEV. Уште еден голем новитет во салоните на Skoda ќе биде електричната варијанта e-Citigo, како близнак на VW e-Up. Во 2020 година пристигаат и првите сериски возила врз база на платформата MEB во концернот. Во следните четири години, чесите ќе вложат околу две милијарди евра во електричен погон и во нови услуги за мобилност. До 2022 година, Skoda ќе има повеќе од десет модели со електрифициран или електричен погон.

Skoda Kamiq ќе биде заводничката меѓу градските кросовери

Оваа Skoda Octavia возеше пред 60 години

Skoda Kamiq им се придружува на T-Cross и Arona

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen inovacii nagradi

Volkswagen ги наградува иновациите од вработените со 75.000 евра

Nissan Micra N-Sport

Nissan Micra се осили со турбо-бензинец со 117 КС