за

Porsche вложува 600 мил. € во фабриката во Лајпцих

porsche lajpcih prosiruvanje

Фабриката на Porsche во Лајпцих се проширува по петти пат. Со 600 милиони евра се обезбедува иднината на фабриката како центар за електричните модели на спортската марка. Следната генерација на Macan ќе излегува оттаму – со погон со електромотори.

Со свечена прослава беше одбележано поставувањето на темелите за новата хала за изработка на каросерии во фабричкиот комплекс на Porsche во Лајпцих. Халата е со површина од 75.000 метри квадратни и од почетокот на следната декада таму ќе се изработуваат каросериите за следната генерација на Macan. Спортската марка потврди дека овој модел во иднина ќе вози како чисто електричен автомобил, изработен врз платформата PPE (Premium Platform Electric).

Од пуштањето во работа во февруари 2000 година, во Лајпцих се инвестирани повеќе од 1,3 милијарда евра

Во 2002 година во овој град во Саксонија започна производството на Cayenne, кога фабриката вработуваше 259 лица. Macan стартуваше во 2011 година, што донесе и големо проширување на производствените капацитети. Веќе две години, таму се одвива и целосното производство на Panamera. Каросериите за Bentley исто така излегуваат оттаму. Фабриката моментно вработува 4.300 лица.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Jimny 1.5 GL Test AutomediaMK

За преку ред до Suzuki Jimny се плаќа и по 10.000 евра

innogy polska vozen park elektricni

Жителите на Варшава добиваат 500 електрични возила за кусо изнајмување