за

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка

car2go severna amerika

Успехот на car2go не престанува да одушевува. Во Северна Америка има над еден милион корисници на системот. Место да се туркаат со сопствениот автомобил низ градскиот метеж, на корисниците им е полесно да најдат каде е најблискиот автомобил и да си бидат „такси“ сами на себе.

Уште едно големо достигнување на car2go. Пионерот и светски лидер во carsharing – што е најдобро да се свати како рентакар на неколку минути – надмина еден милион корисници во Северна Америка. Проектот од другата страна на океанот започна пред девет години, со 200 возила во Остин, Тексас. Денес car2go е достапен во единаесет градови во САД и Канада, со возен парк од 6.000 автомобили од smart и Mercedes.

Системот за краткотрајно изнајмување автомобил доби нов поттик откако возниот парк во почетокот на годинава беше проширен со модели на Mercedes. Тој дотогаш се состоеше исклучиво од малечкиот двосед smart fortwo. Со воведувањето на Mercedes CLA и GLA се привлекоа нови корисници на car2go, со можноста четири лица да се возат во автомобилот. Тоа следеше откако корисниците во Европа покажаа голем интерес за новите автомобили во возниот парк. За разлика од smart, возилата можат да се користат и за транспорт на поголеми предмети, на пример мебел.

На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go

Најмногу нови корисници има во Њујорк. Бројот се зголеми за дури 70 проценти за една година. Но, најмногу успех меѓу градовите во Северна Америка има Ванкувер. Во канадската метропола има преку 150.000 корисници и над 1.000 возила на располагање.

Корисник на car2go со најголема километража има извозено 18.290 километри

Од воведувањето на системот, корисниците на car2go извозеле вкупно 280 милиони километри. Студија на Универзитетот Беркли во 2016 година докажа дека моделот на carsharing придонесува за растоварување на сообраќајот и намалување на емисијата на штетни материи во воздухот. Едно возило на car2go заменува 11 возила на улица. Меѓу најнеобичните предмети што корисниците ги забораваат во возилата се жива краба, играчки за возрасни, падобран и скара.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

против загадувањето на воздухот

Активисти во Штутгарт сами ќе го блокираат сообраќајот

нови модели во 2018, audi e-tron quattro concept

Овие автомобилски новитети ни пристигаат во 2018 година