за

Активисти во Штутгарт сами ќе го блокираат сообраќајот

против загадувањето на воздухот

Германските активисти за заштита на животната средина се заканија дека сами ќе преземат мерки со цел да се намали загадувањето на воздухот со азотни оксиди и ситна прашина на Некартор. Тоа е улицата со најголема загаденост во Германија.

Активистите за заштита на животната средина во Германија не се двоумат околу потеклото на штетните материи во воздухот на најзагадената локација во државата, на улицата Некартор во Штутгарт. Од организацијата најавуваат дека почнувајќи од втората недела во јануари самостојно и со креативни акции ќе се погрижат за намалување на сообраќајот на Некартор. Мотото не остава простор за сомневање: „Не постои друг начин (пат, во буквален превод) освен забрана за сообраќај за нечистите дизел автомобили.“

Двајца жители на Некартор имаат судско решение за забрана на сообраќајот пред нивниот дом

Еколошката организација поднесе тужби за прекумерната загаденост на воздухот со штетни материи во 19 германски градови, а во три градови веќе има добиено и правосилни пресуди. Во независна постапка, двајца жители на Некартор во април 2016 година потпишаа спогодба со која што покраинската влада на Баден-Виртенберг се обврза од 1-ви јануари 2018 година да го намали сообраќајот за најмалку 20% пред нивните денови во деновите со прекумерна загаденост на воздухот.

Покраинската влада сепак одбива да ја спроведе правосилно изречената мерка. Нивниот аргумент е: Не постои сообраќаен знак, со когошто може да се реализира ветената забрана за сообраќај на Некартор. Поради тоа, полицијата не е во состојба да го контролира сообраќајот. Управниот суд во Штутгарт не го прифати овој аргумент и минатата недела поднесе барање за присилна наплата во вредност од 10.000 евра.

Наспроти оваа интензивна активност на германските еколози, за постоењето на нашите еколошки здруженија јавноста слуша единствено кога се бараат повеќе пари од буџетот за покривање на нивните активности. Секаква акција отсуствува, за што сведочи и со години непроменетото ниво на аерозагаденост во градовите низ цела Македонија. Постои апсолутно некредибилна студија којашто се базира врз сервирани податоци на хартија, мерките што се преземаат се повеќе од наивни. Намалување на загаденоста и натаму не се случува.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model 3

Следната година е решавачка за судбината на Tesla

car2go severna amerika

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка