за

Електричната Honda се подготвува за премиера

honda електричен автомобил урбан ев

Honda ќе стартува со нарачки за електричниот Urban EV во почетокот на следната година. Моделот што привлече огромно внимание веќе го привршува тестирањето и се подготвува за сериско производство

Работите околу електричната Honda Urban EV се одвиваа со фантастична брзина. Јапонците го прикажаа градскиот електричен автомобил како концепт на салонот во Франкфурт во 2017 година. Сцената реагираше со одушевување, коешто во голем дел произлегуваше и од извесната ретро нишка во дизајнот на градскиот автомобил со погон на струја.

honda urban ev concept

По кусо време Honda го потврди и стартот на сериското производство на Urban EV, којшто прво ќе се продава во Европа, а потоа и „дома“. Од почетокот на следната година, Јапонците ќе почнат да примаат нарачки за новиот модел на струја. Во меѓувреме, тест-прототипите се повеќе сé присутни по јавните патишта, а тоа значи дека фазата на тестирање веќе се приближува кон завршницата.

Различно од концептниот автомобил, сериската верзија на Honda Urban EV ќе има четири врати

Иако прототипите уште се под дебела маска, јасно се распознаваат неколку важни детали, кои отстапуваат од концептниот Urban EV. Најголемата разлика е во тоа што каросеријата поседува четири, место две врати. Тркалезните предни светла внесуваат надеж дека стилот од концептниот автомобил од Франкфурт ќе се пренесе во сериската верзија.

honda електричен автомобил урбан ев 2

На шпионските фотографи се забележува и дека камери ја преземаат функцијата на надворешните ретровизори. Дури при салонската премиера ќе се знае дали оваа опција ќе се нуди во серискиот модел. Кај Audi e-tron се доплаќа за оваа нова ставка од опремата, којашто купувачите ја сакаат.

Honda уште ги нема објавено техничките податоци за идниот сериски автомобил, исто како и цените.

По хибриден погон отсега и во Honda

Honda HR-V е староседелецот во сегментот на СУВ-возилата

Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

Honda стартува со нарачки за електричниот Urban EV в година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

германија аерозагаденост, загадувањето од возилата

Германските статистики за загадувањето од возилата никого не мамат

mercedes-amg glc 63 s

Mercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг