за

Акио Тојода, претседателот на Тојота, има и рецепт за здрави крофни

Внукот на основачот на Тојота и до скоро извршен директор на светскиот број 1, има слабост кон крофните. Тојота мораше и за тоа да најде посебен рецепт.

На одбележувањето на стогодишнината на Бабсон, Акио Тојода, дипломец на овој колеџ за претприемништво, зборуваше за неговото откривање на крофните, кога дошол да студира таму. Уживањето во крофните трае и денес, но Акио си внимава и на здравјето – на своето и на целата планета.

„Сакам да јадам крофни без да имам грижа!“ гласеше нарачката од Моризо, псевдонимот под којшто денешниот претседател на Тојота, а до скоро извршен директор, вози трки. Тој побара врвниот готвач во камионот за брза храна на Тојота, за време на трката во Формула Супер на патеката Сузука, да приготви крофни, што ќе бидат добри за здравјето. Во секој поглед.

Оваа ударна реченица на Акио Тојода, за време на масовно посетената трка во Сузука, се поврзува со неговиот говор пред пет години, кога колеџот за претпремништво Бабсон во САД, одбележуваше стогодишнина. Тој е еден од најистакнатите дипломци на Бабсон, покрај Крег Бенсон, данската принцеза Марија, Артур Бланк, Роџер Енрико и други светски познати личности.

На свеченоста, Акио тогаш говореше: „Додека бев на Бабсон, почнав да уживав во крофните. Американските крофни беа радосно, восхитувачко откритие. Сакам сите да Ве охрабран да ја најдете својата крофна.“

Во оваа епизода на Тојота Тајмс, снимена во март годинава, станува збор за крофните што на посетителите на трката во Формула Супер на Сузука им беа послужувани од камионот за брза храна на Тојота. Нормално, тој користи погон на водород, работи чисто, без емисија и без звук.

Тоа што е дополнителна содржина, е составот на крофните. Главно се користат остатоци од преработка на соја, нема млеко и јајца, се додава малку коњак, за тестото да не впива премногу.

Едно мошне интересно видео, што меѓу другото ги прикажува Јапонците во вистинското светло. Секако во видеото е снимена и реакцијата на Акио.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричната Г-Класа не се вика Е-Кју-Ге, има „нормална“ ознака

Оваа дама е моделка и инспирација за фигурата што го краси секој Ролс-Ројс