Важната премиера за Мерцедес и за електромобилноста воопшто ќе се одржи на салонот во Пекинг, кон завршетокот на месецов. Марката со сребрената ѕвезда таму ќе ја прикаже новата електрична Г-Класа.
Место Е-Ку-Ге, како што се претпоставуваше досега, новата електрична Г-Класа ќе има многу понормална ознака. Понормална и од очекувањата: Г 580 со технологија Е-Ку.
Мерцедес уште не открива подробности за несомнено историскиот чин. Штутгарт ја најавува електричната Г-Класа како „теренска икона што е осмислена од ново за ерата на електромобилноста. Таа обединува традиција и напредок на досега невиден начин.“
Инсајдерите очекуваат Г 580 да има четири електромотори, што значи по едно на секое тркало. Со тоа би одела и батерија од 100 кВч. За досегот може да се смета на околу 320 километри. Во 2025 година ќе биде додадена и батерија со силициумски аноди, што ќе биде подобра во секој поглед.
Покрај електричната Г 580, Мерцедес на Ауто Кина 2024 ќе прикаже и обновена изведба од својот електро-крстосувач Е-Ку-С, панданот на С-Класа. Триото премиери ќе го комплетира Мерцедес-АМГ ГТ 63 С Е Перформанс, со приклучен хибриден погон – и мотор Ве-8.
Екстремниот ГТ 63 С Е Перформанс ќе го има своето деби неколку денови порано, на АМГ Бренд Најт Евентс, што ќе се одржува во рамките на Формула 1 викендот во Шангај. Премиерата на електричната Г-Класа ќе се одржи на презентација во уметничкиот кварт 798 во Пекинг. Салонот отвора за публика на 25-ти април.
View this post on Instagram
















